Колач Ноќ во Венеција: Никој не може да му одолее на овој двоен бисквит!

Пробајте!

Комбинацијата од два бисквита и кремав фил ќе ве воодушеви

Потребни состојки:

За првиот бисквит

  • 6 белки
  • 60 грама шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 60 грама кокос

За вториот бисквит

  • 4 белки
  • 40 грама шеќер
  • 4 жолчки
  • 4 лажици брашно
  • 2 лажици какао во прав
  • ½ кесичка прашок за печиво

За филот

  • 6 жолчки
  • 150 грама шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 лажици млеко
  • 200 грама маргарин

За глазурата

  • 200 грама чоколадо
  • 50 грама маргарин
  • 6 лажици млеко
Приготвување:

Изматете ги сите состојки за првиот бисквит и ставете ги во плех обложен со хартија за печење.

За вториот бисквит, изматете 4 белки со 40 грама шеќер, па додајте жолчки, брашно, какао, прашок за печиво.

Ставете ја смесата за вториот бисквит врз смесата за првиот и печете ги заедно 20 минути на 180 степени.

За да го приготвите филот, изматете жолчки, шеќер, ванилин шеќер и млеко и сето тоа сварете го на пареа. Изматете маргарин и измешајте го со изладената смеса.

Нанесете го филот врз изладениот бисквит. Прелијте со глазура.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.