Совет на денот: Ммм, затворете ги очите…

Попладневната дремка главно има негативна репутација, понекогаш се смета дури и за одраз на мрзливост, што е апсолутно погрешно!

Краткиот одмор може да ги зголеми продуктивноста и енергијата, па ако работите од дома – сфатете го тоа како предност барем кога станува збор за дремката.

Еве неколку совети за оние што досега немаат практикувано ваков вид одмор: ограничете го одморот на 20 минути или пократко, бидејќи потоа настапува фаза на длабок сон, па по будењето ќе се чувствувате зашеметено и дезориентирано.

Најповолно време за дремка се раните попладневни часови, бидејќи на тој начин нема да влијае на квалитетот на ноќниот сон. А дури и ако не успеете да дремнете – не вознемирувајте се!

Доволно е да ги затворите очите десетина минути – и веќе ќе се чувствувате поодморено!

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.