Потсетник: Mмм, затворете ги очите…

... и дремнете!

Попладневната дремка главно има негативна репутација, понекогаш се смета дури и за одраз на мрзливост, што е апсолутно погрешно! Краткиот одмор може да ги зголеми продуктивноста и енергијата, па ако работите од дома – сфатете го тоа како предност барем кога станува збор за дремката.

Еве неколку совети за оние што досега немаат практикувано ваков вид одмор:

1. Ограничете го одморот на 20 минути или пократко, бидејќи потоа настапува фаза на длабок сон, па по будењето ќе се чувствувате зашеметено и дезориентирано.

2. Најповолно време за дремка се раните попладневни часови, бидејќи на тој начин нема да влијае на квалитетот на ноќниот сон.

3. А дури и ако не успеете да дремнете – не вознемирувајте се! Доволно е да ги затворите очите десетина минути – и веќе ќе се чувствувате поодморено!

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.