Во што е креативен вашиот хороскопски знак?

Фото: Pexels

Проверете колку сте креативни – можеби астрологијата ќе ви открие нешто што не сте го знаеле порано…

Ѕвездите се меѓу главните „виновници“ за тоа дали некој е надарен со креативност или, пак, е склон кон нешто.

Овен

Доминантната планета Марс влијае врз уметничките и духовните активности на Овенот кој по природа е импулсивен, нетрпелив, агресивен и раздразлив. Кога станува збор за поезија, на Овенот му недостига проникливост, но во сликарството брзо може да го осмисли она што го сака.

Доколку е писател, Овенот може да се докаже со својата смисла за сатира, а би бил и многу добар карикатурист. Се на сè, Овенот е типичен знак за лидер, иако има и исклучителни уметници кои се родени во овој знак.

Бик

Венера е вашата доминантна планета која е тесно поврзана со убавината, па оттаму и присуството на овие квалитети во вашиот знак. Му припаѓате на земјениот знак, но и меѓу вас има многу големи уметници. Приземјени сте по карактер и се сметате за еден од најдобрите чувари на Зодијакот.

Како уметници, Биковите секогаш се приврзуваат за позитивната страна на животот, отфрлајќи ја деструктивноста. Тие брзо наоѓаат решение за своите проблеми, без разлика дали се од љубовна или социјална природа. Писателите кои се родени во овој знак се побавни во творењето, но пишуваат долги романи. Ако припадниците на овој знак се пејачи, тогаш тие имаат моќен глас.

Близнаци

Бидејќи сте родени во знакот на Меркур, вие сте надарени со смисла за хумор и ве интересира сè што е во тек – политиката, светот, социјалниот аспект. Родени сте да работите во медиумите, а имате и талент за пишување. Карактеристичен за вас е астралниот дуалитет, како на пример во сликарството: на платното можат да се забележат две теми, а тоа се должи на двојноста на вашиот знак.

Вашата омилена тема е внатрешната борба помеѓу потребата за компромис и донесувањето одлука.

Рак

Вашиот знак е полн со чувствителност, романтика и талент за уметност бидејќи е под влијание на Месечината што дополнително ја зголемува вашата фантазија. Ракот им припаѓа на водените знаци, па според тоа, тој е приврзан за семејството и децата, со оглед на нивната плашливост и несигурност.

Ако сте писател, ќе пишувате за важноста на бракот и семејството во романите, а и ако сте сликар, темите нема многу да се разликуваат од претходните.

Поетите во овој знак пишуваат носталгични и меланхолични стихови поради влијанието на Месечината. Писателите родени во овој знак лесно можат да напишат бестселер бидејќи нивната интуиција им помага да го почувствуваат моментот кога нивното дело треба да биде објавено, како и потребите и желбите на читателите.

Лав

Со вашата планета владее Сонцето, давајќи ви авторитет, сигурност и моќ. Често ги пропуштате своите можности и сте премногу свесни за вашите желби, но не сте многу креативни. Како писатели, сериозно ќе му се посветите на пишувањето, а вашите главни ликови ќе бидат, да речеме, некој цар или крал, претседател или некоја друга личност со што би ги заинтригирале сите околу себе.

Сметате дека конфликтите играат голема улога во драмското дејство. Имате талент за пишување, а меѓу вас има и актери. Вие сте типичен огнен знак, а тоа дополнително ја нагласува и вашата креативност.

Девица

Сите Девици се одликуваат со остра и длабокоумна критичка мисла, како и префинетост во чувствата, а тоа се суштинските одлики на Меркур. Тие ништо не сакаат да му препуштат на случајот затоа што нивните планови се однапред направени, а времето го искористуваат правилно до крај.

Ова не ги спречува да создаваат современи уметнички дела, дури и апстрактни, што на прв поглед можат да бидат погрешно разбрани. Нивната почит кон личноста им помага во креирањето уметнички дела, иако се можеби понаклонети кон техничките науки. Тие се перфекционисти, а тоа се манифестира преку различни начини.

Терезија

Терезијата припаѓа на групата воздушни знаци и е особено надарена со талент за уметност поради доминацијата на Венера. Морате да внимавате на сите лоши аспирации на Венера бидејќи вашите дела можат да бидат извештачени под нејзино влијание.

Вие сте идеалисти, следбеници на правдата и вистината. Ако сте поет, имате убав и висок литературен стил на пишување. Понекогаш, тешко е да се одлучите и да преземете акција за да го преточите на хартија она што го носите во себе, за разлика од водените знаци. Не сте доволно амбициозни, а понекогаш сте дури и мрзеливи.

Под влијание на Венера, секогаш го посакувате она што е убаво.

Скорпија

Вашите уметнички способности се навистина моќни и мистични, под влијание на Плутон и доминантниот Марс. Вашата личност е честопати погрешно разбрана што е случај со сите уметнички знаци во Зодијакот.

Како писател, силно го доживувате своето дело во кое ја внесувате сета ваша инспирација, а ако сликате, ќе откриете нови хоризонти, длабоки и темни, неразбирливи за останатите. Вашите дела се одликуваат со некаков магнетизам, а вие поседувате длабока интелектуална мисла, иако не секогаш креативна, така што можеби и ќе постанете новиот Толстој, но со помрачни идеи.

Во таа смисла, професијата режисер на хорор-филмови би ви одговарала.

Стрелец

Вашите дела се секогаш полни со љубов кон природата бидејќи Јупитер, кој доминира со вашиот знак, ве прави полни со оптимизам. Иако сте огнен знак, вашите уметнички способности се големи. Никогаш не сте мрзеливи, но мора да внимавате на прекумерното губење енергија, па затоа обидете се да го контролирате тоа.

На нештата им пристапувате со голем елан, а отвореноста, искреноста и желбата за сè што е убаво не поминуваат незабележано. Полни сте со виталност благодарение на Јупитер кој од вас може да направи одличен уметник.

Јарец

Како и Бикот, и овој знак е прилично конзервативен, внимателен и рационален. Спротивно на другите знаци кои го сакаат животот и се заљубени во убавината, Јарците исто како и Скорпиите, се опседнати со смртта, мрачните идеи и паранормалното.

Ова се објаснува со фактот дека со овој знак владее Сатурн, планета позната по овие карактеристики. Но, ако е роден да биде уметник, тогаш Јарецот е многу сериозен, зрел, реален и конкретен. Тој може да работи долго и напорно, се одликува со храброст и амбиција.

Ако почне да пишува, тогаш сигурно е дека ќе напише долги романи и комедии полни со сарказам и иронија.

Водолија

Родените во овој знак се под влијание на планетата Уран. Водолиите се склони кон окултните науки и затоа честопати се погрешно разбрани од нивната околина. Меѓу Водолиите постојат и многу визионери. Тие се многу хумани луѓе и секогаш загрижени за другите. Доколку пишуваат литература, визионерскиот карактер ќе дојде до израз преку создавањето општествено-реформистички дела.

Риби

Луѓето родени во овој знак се под влијание на Јупитер. Нивната втора владејачка планета, Нептун, им подарува фантазија, па така тие се склони кон фантазирање и желбата да бидат во центарот на вниманието. Тие се воден знак, предодредени за уметност, музика, поезија, глума и јазици и имаат талент за пишување долги песни и дневници.

Тие се најголемите романтичари меѓу сите хороскопски знаци. Нивните дела се полни со човечка топлина, убавина и хумор. Мистични се и честопати се случува да заталкаат во сопствената фантазија.

Фото: Getty Images, Pixabay, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.