На 27 јуни Венера влегува во знакот Лав: Овие 3 хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и прекрасни промени!

Моќен период

Оваа астролошка појава ќе трае до 21 јули

Венера во Лав е несекојдневна појава во која до израз доаѓа пред сè љубовта, па така овој период ќе биде великодушен не само на тоа поле, туку и на финансиски план.

Што претставува Венера во Лав?

Таа е кралица на гламурот, сјајот и не можете да не ја забележите. Венера во Лав е една прекрасна, атрактивна жена која зрачи со сексапил и со луксуз. Таа исто како и Лавот дава сè од себе, обожава пари и скапи работи, но умее и сама да ги заработи. Оваа појава започнува од 27 јуни и трае до 21 јули. Во текот на овој период на сите ќе им биде нагласено полето на љубовта, но и на кариерата.

Овие 3 знаци ќе бидат најмногу погодени и кај нив ќе дојде до најголеми промени…

Стрелец

Венера во Лав ви носи неверојатни промени, па вашите заводнички моќи особено ќе дојдат до израз овој период. Овој период ја буди страсната жена во вас, па така и ќе зрачите. Кога станува збор за работата, може да се каже дека сте доследни на себе и ништо не може да ве поколеба.

Овен

Во текот на овој период ќе сакате да бидете во центарот на вниманието по секоја цена, а и ќе успеете во тоа, особено кога станува збор за привлекувањето на спротивниот пол. Луѓето ќе ве бркаат и ќе сакаат на кој било начин да бидат во вашето опкружување. Ќе зрачите со сексапил, па на тој начин и ќе уживате во страстите со партнерот. Кога станува збор за љубовта, може да дојде до конфликт, особено во врска со кариерата. Женска личност што ви е надредена може да ви прави сплетки и да се обиде да ви наштети.

Лав

Доследни сте на себе. Венера е во вашиот знак, па затоа и најмногу ќе дојде до израз кај вас. Работата особено ви оди од рака, градите кариера и не размислувате за туѓите постапки и сплетки. Задоволни сте од направеното и само газите напред. Кога станува збор за љубовта, тука особено доаѓа до израз вашата енергија и привлечноста со која зрачите. Од партнерот ќе добиете сè што ќе посакате, а кога станува збор за флертување со други, тука сте неповторливи, единствени и немате конкуренција.

Летото ќе биде полно со турбулентни случки и промени: Ѕвездите максимално ќе му го искомплицираат животот на овој знак!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.