Хороскопски знаци РАСИПНИЦИ: Колку и да се трудат, никако не можат да заштедат!

Дали сте меѓу нив?

Можеби сте еден од оние знаци што постојано има потреба да купува работи што воопшто нема да му затребаат, или пак сте од оние што се премногу чувствителни па верувате на секоја тажна приказна што некој ќе ви ја каже па давате пари што никогаш нема да ги добиете назад или пак едноставно прифаќате работни места што не се доволно платени поради одредено чувство на лојалност…

Стрелец

Зошто да се грижите за она што ќе се случи утре кога можете да уживате во денешниот ден?

Ова е начинот на размислување на најголемиот број Стрелци. Тие вообичаено не се интересираат многу за материјалните нешта, а најмногу сакаат да „инвестираат“ во истражување на светот.

Тие живеат за денес и нема да си дозволат да пропуштат ниту една шанса за уживање, па дури ако тоа значи и дека ќе останат без пари до крај на месецот.

Сепак, тие инвестираат во убавите спомени и во приказните, па еден ден кога ќе се повозрасни нема да жалат дека нешто пропуштиле во младоста.

Терезија

Терезиите често запаѓаат во проблеми затоа што не можат да им оддолеат на распродажбите и на кредитните картички, па така често пазарат со нив.

Често им се случува да направат погрешна проценка па да потрошат повеќе отколку што навистина се во можност да платат.

Често може да им се случи долговите да се натрупаат, затоа што заборавиле навреме да платат, па потоа да мора да ги потрошат сите пари на заостанати долгови.

Близнаци

Тие не се дволични, и немаат две лица (како што некои наивно мислат) – вистинската одлика на Близнаците е тоа што постојано имаат потреба да бидат со други луѓе и постојано да комуницираат.

Близнаците се мошне дружељубиви, сакаат луѓето да мислат дека им „оди“ добро па затоа често може да организираат забави или настани што се екстравагантни иако во моментот можеби можат да си го дозволат само најосновното.

Често се случува да потрошат пари на работи што воопшто не им требаат па на крајот кога ќе се пресметаат, се каат за одлуките.

Овен

Овните имаат проблем да кажат „не“. Ако некому му требаат пари, место за живеење или пак помош за проблемите, тие се тука.

Тие се пријателот од кого сите во друштвото одат да позајмат пари.

Иако често може да се случи во прв миг да се подзамислат, сепак на крајот пак ќе му помогнат на пријателот што има потреба.

Овенот е познат по својата „мекост“ па така може да се случи во еден ден сите да дојдат и да бараат помош од него.

Како и да е, ако навистина го изнервирате и постојано му барате пари, може да вербално да се пресмета со вас.

Скорпија

На Скорпиите често им се случува да останат без пари затоа што се со некого што има „скапи“ вкусови.

Можеби нивниот партнер заработува многу (повеќе од нив), но Скорпијата секогаш се чувствува дека треба да биде во чекор.

Значи во ред е да се посетат скапи ресторани или да се престојува во луксузни хотели кога можете да си го дозволите тоа, но да се лажете себе си дека парите не ви се проблем кога ги немате, тоа може да биде голем проблем.

Скорпиите не сакаат да изгледаат во очите на другите како да неможат нешто да си дозволат, па често не се ниту искрени за реалната ситуација во која што се нашле.

Затоа често им се случува да „стиснат заби“ и да прифатат да трошат на непотребни работи иако знаат дека само се ставаат во поголеми долгови.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.