Дневен хороскоп за среда (12 јули 2023)

Астро-прогноза

Прочитајте каков ден ве очекува!

ОВЕН 21. 3 – 20. 4.

Работа: ориентирани сте кон семејните односи, па со намален капацитет ќе ги извршувате работните обврски. Љубов: партнерот е фокусиран на кариерата и ги запоставува обврските кон вас. Ако сте слободни, имате поволни аспекти за влегување во романса. Здравје: стабилно.

БИК 21. 4 – 20. 5.

Работа: во колективот се истакнувате со креативни, но и практични идеи, кои ќе бидат прифатени. Можно е и службено патување. Љубов: саканата личност ќе бара повеќе да се дружите. Доколку сте слободни, за вас ќе се заинтересирана амбициозна и влијателна личност. Здравје: внимавајте на крвниот притисок.

БЛИЗНАЦИ 21.5 – 21.6.

Работа: целосно ќе бидете фокусирани на финансиите. Имате нови можности за заработка, но и поголеми трошоци. Љубов: ве очекува драма со партнерот поради некои долгови. Слободните близнаци преку близок пријател ќе стапат во контакт со помлада личност. Здравје: повремен замор.

РАК 22. 6 – 22. 7.

Работа: деловните вештини нема да останат незабележани од колегите и претпоставените. Можна е нова деловна понуда. Љубов: упорно се обидувате да ѝ ги наметнете своите ставови на саканата личност. Доколку сте слободни, пред вас е поволен период за љубов. Здравје: витални сте.

ЛАВ 23. 7 – 23. 8.

Работа: одличен период за нови планови и напредок. Љубов: настануваат недоразбирања кои можат да ја нарушат хармонијата во врската. Ако сте слободни, среќата е на ваша страна. Здравје: внимавајте на апетитот.

ДЕВИЦА 24. 8 – 23. 9.

Работа: многу сте склони кон критики, а и самокритични сте, што ќе влијае на вашата продуктивност. Љубов: партнерот ќе ве праша за совет врзан за работата. Ако сте слободни, можна е тајна врска со некој што го познавате преку работата. Здравје: несоница.

ТЕРЕЗИЈА 24. 9 – 23. 10.

Работа: поволните аспекти во текот на денешниот ден ќе ви дозволат брзо да ги реализирате вашите планови. Љубов: саканата личност ќе ги решава проблемите, а вие ќе ѝ бидете морална поддршка. На слободните им претстои нова романса. Здравје: стабилно.

СКОРПИЈА 24. 10 – 22. 11.

Работа: бидете подготвени да ги браните својата репутација и статус. Љубов: можно е да влезете во помал конфликт со семејството на партнерот. Ако сте слободни, за вас ќе се заинтересира личност која има одреден углед во општеството. Здравје: стабилно.

СТРЕЛЕЦ 23. 11 – 21. 12

Работа: пред вас е период во кој добро ќе се снајдете и успешно ќе се соочите со предизвиците. Имате поддршка од претпоставените. Љубов: односот со партнерот е стабилен, а слободните припадници на знакот се отворени за нови познанства. Здравје: стабилно.

ЈАРЕЦ 22. 12 – 20. 1.

Работа: решивте посериозно да пристапите кон долговите. Ако се занимавате со бизнис, можни се проблеми со даноците. Љубов: барате поддршка од саканата личност, но другата страна нема слух за вас. Ако сте слободни, ќе заведете личност од минатото. Здравје: репродуктивните органи ви се осетливи.

ВОДОЛИЈА 21. 1 – 19. 2.

Работа: внимавајте на комуникацијата во тимот, особено на реакциите на коментарите што не ви се допаѓаат. Љубов: односот со партнерот е обоен со искри. Ако сте слободни, некој упорно се ќе обидува да го привлече вашето внимание. Здравје: стабилно.

РИБИ 20. 2 – 20. 3.

Работа: енергични сте и мотивирани за работа, а некои од вас ќе размислуваат за промена на работната средина. Љубов: односот со партнерот е стабилен, но тој е малку порезервиран од вас. Слободните ќе се насочат кон деловните обврски. Здравје: можни се воспалителни процеси.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.