Дневен хороскоп за ПЕТОК, 13 март: Ви претстои поволен ден!

Астрологија

Јарецот мора да внимава на себе, Водолијата размислува за промена на работното место, Рибите носат важни одлуки

ОВЕН

Загрижени сте за вашите финансии и ве оптоваруваат црни мисли. Ви претстои неповолен период за работата. Време е да донесете одлука во однос на заедничката иднина со саканата личност. Одбегнувајте алкохол.

БИК

Се препорачува максимално да им се посветите на обврски за да успеете да ги остварите вашите планови. Доколку сакавте да ја прекинете врската, ве очекува период во кој ќе имате можност за такво нешто. Внимавајте на уринарниот тракт.

БЛИЗНАЦИ

Ќе ви треба многу сила за да успеете да ги решите деловните проблеми што ви се појавија. Неодлучни сте и сега кога треба да одберете една од две личности, не знаете за кого да се одлучите. Ве мачи нервоза.

РАК

Многу сте ефикасни и вредни. Посветени сте на вашата работа и без поголеми проблеми ги остварувате своите планови. Доколку сте слободни, ве очекува период во кој ќе имате можност за ново познанство. Можен е пад на имунитетот.

ЛАВ

Заедно со вашите соработници доаѓате до нови деловни решенија што ви се многу корисни. Преку пријателите ќе успеете да запознаете личност која многу силно ќе ве привлекува. Немате поголеми здравствени проблеми.

ДЕВИЦА

Може да очекувате дека ќе ја прекинете соработката со која не сте биле задоволни во претходниот период. Ќе го преболите партнерот со кого во минатото сте имале многу тешка емотивна врска. Би ви годела масажа.

ТЕРЕЗИЈА

Може да очекувате дека ќе успеете да дојдете до напредување на работа. Ви претстои добар ден. Преку интересна комуникација со додворувач, ќе одлучите да му дадете шанса за врска. Одбегнувајте масна храна.

СКОРПИЈА

Може да се надевате дека ќе успеете да ги остварите своите планови без поголеми препреки и проблеми. Сте ги решиле сите ваши дилеми во однос на љубовта. Имате голема доверба во личноста со која сте во врска. Сосема добро здравје.

СТРЕЛЕЦ

Ви претстои можност да дознаете и научите нешто ново. Професионалната едукација и дополнителните курсеви многу ќе ви значат. Односот со саканата личност би можел да стане прилично променлив. Проблеми поврзани со крвотокот.

ЈАРЕЦ

Сте ги решиле повеќето проблеми на работа. Не би требало да очекувате никакви компликации. Ви претстои поволен ден. Со саканата личност имате сосема солидна комуникација. Осетливи бубрези.

ВОДОЛИЈА

Можно е сериозно да размислите за промена на работата. Наскоро ќе ви се укаже и нова можност за тоа. Ако сте слободни, на емотивен план ќе имате интересни познанства и можности за флерт и несериозни врски. Пад на имунитетот.

РИБИ

Дојде моментот кога треба да донесете важна одлука. Бидете максимално фокусирани на вашата работа. Ќе ја освоите личноста со која флертувате веќе некое време. Почеток на нова врска е на повидок! Осетлив граден кош.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.