ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 30 декември: Ни самите не знаете што сакате!

Астро-прогноза

Фото: Pexels

Овенот го мачат хронични проблеми, Близнаците не знаат што сакаат, Девицата е напната

ОВЕН

Денес ќе го свртите вниманието кон себе, бидејќи јавно ќе изнесете некои ваши иновативни идеи. Ќе имате поддршка од претпоставените, но и од колегите со кои соработувате. Многу поволен ден за флерт и ново познанство. Уживате во возбудливите случувања. Помали болки во грлото, хронични проблеми.

БИК

Позитивен ден во кој на работа ќе бидете посветени на многу конструктивен начин. Ви следува успех, особено со странство. Блискоста што ја имате со саканата личност сакате да ја задржите на подолги патеки. Го сакате чувството на сигурност. Можни проблеми со стомакот и органите за варење.

БЛИЗНАЦИ

Денес сте напнати, иако немате ни една доволно конкретна причина за тоа. Можете бурно да реагирате, да ги повредите блиските соработници. Неодлучни сте и му дозволувате на партнерот некое време да ја води играта. Ни самите не сте сигурни што сакате, па не се изјаснувате. Осетливи бубрези.

РАК

Многу поволен ден за вас. Иако не сте се труделе претерано, дојдовте до многу позитивни резултати. Емоционално сте стабилни и знаете точно што можете да очекувате од саканата личност. Планирајте ги заедничките мигови за време на празниците. Можно е да бидете поспани во текот на денот.

ЛАВ

Цврсто сте решени некои ваши идеи да ги спроведете на дело. Се прашувате само дали конкуренцијата ќе ви прави проблеми. Би можеле да се впуштите во тајна врска или пак моментално фантазирате за личност која е зафатена. Обрнете внимание на недобронамерната околина. Без поголеми здравствени проблеми.

ДЕВИЦА

Не ви се исполнети очекувањата што ги имавте во врска со вашите финансии. Парите доцнат, вие станувате недоверливи. Оваа фаза ви е многу поволна за љубов, каков и да е вашиот статус. Минлива главоболка. Причината за тоа е напнатоста што доминира во работната сфера.

ТЕРЕЗИЈА

Постои шанса да договорите многу важна деловна соработка со странство. Финансиски напредок. Во наплив на страст, склони сте на донесување брзоплети одлуки. Импулсивно реагирате. Партнерот нема ни да ве разбере ни да ве поддржи. Покачена телесна температура.

СКОРПИЈА

Подготвени сте за нови работни победи и сакате да докажете колку способни можете да бидете. Во тоа можете да имате и поддршка од блиските колеги во кои имате доверба. Блескате од задоволство. Од саканата личност сте добиле подарок што ве воодушевува. Осетлив нервен систем.

СТРЕЛЕЦ

Поволен ден за преглед на сите сметки и трошоци што ги имате во текот на месецот. Сега ви се важни приоритетите. Можно е да ви се допаѓа личност родена во знакот Овен, но не сте сосема сигурни дали е слободна. Обидете се да стапите во контакт. Сосема солидно здравје.

ЈАРЕЦ

Не сте во претерано поволна фаза, па обрнете внимание да не бидете измамени од нечија страна. На полето на емоции ситуацијата е доста подобра, ќе имате можност да ги подобрите односите со брачниот партнер. Можни проблеми со хормоните, внимавајте. Одете на ендокринолог.

ВОДОЛИЈА

Ве загрижуваат некои нерационални стравови. Се плашите од невозможен епилог на некои ситуации. Непотребно се изложувате на стрес. Во наплив на љубомора, склони сте на разни непромислени реакции што можат многу да ви наштетат. Проблеми со покачен крвен притисок.

РИБИ

Нема да ги реализирате баш сите ваши замисли, постојат некои пречки на тој пат. Трпението е клучно во овие мигови. Бурните случувања на емоционален план ве забавуваат, може да се каже дека ви следи возбудлив ден. Можни проблеми со сува кожа. Посетете дерматолог.

На 29 декември почнува моќен астро-период и ќе трае сè до 10 мај: Еве како транзицијата на Јупитер ќе влијае врз нашите животи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.