ДНЕВЕН ХОРОСКОП: 10 Декември 2021

Што за денес велат звездите

Фото: Pexels

Раковите ќе ги надминат тешкотиите, стрелците се ладни како мраз, терезиите се многу нервозни

Овен

Ќе се чувствувате подобро за разлика од вчера, па можеби денес е време да ја донесете одлуката што ја одолговлекувате. На работното место ќе владее пријатна атмосфера, а ова ќе ви помогне да се зближите со вашите колеги. Ако сте во врска, немојте да се плашите да разговарате со партнерот за вашите потреби и очекувања.

Бик

Ќе ги избегнете конфликтите што се случуваат околу вас, а можеби ќе решите и спор помеѓу некои ваши пријатели. Сепак, ќе ви биде тешко да стоите настрана и да ја гледате загриженоста на вашите блиски. Доколку сте во врска, разговорот со партнерот ќе биде клучен. Сега е време да им ставите крај на недоразбирањата. Ќе разрешите многу дилеми.

Близнаци

Близнаците очекуваат дека сите околу нив треба да се трудат, а трудот го наградуваат со минимални знаци на внимание што треба да бидат целосно вообичаени. Партнерот конечно прв ќе ви каже дека ве сака, а доколку вие го направите тоа, тогаш веројатно ќе ви каже само „благодарам“. Не плашете се, одговорот ќе биде резултат на неговата збунетост.

Рак

Внимателни сте, а тоа ќе ви помогне да ги надминете тешкотиите и да ги смирите конфликтите. Ќе успеете да ги убедите сите околу вас да се согласат со вашите идеи и ќе напредувате заедно. Отворете ја пред партнерот темата која подолго време ве мачи. Бидете сигурни дека ќе ви го реши проблемот. Ќе покаже сочувствителност.

Лав

Успевате да ги придобиете поголемиот број пријатели на ваша страна. Ви се допаѓа личност за која не сте сигурни на кој систем на освојување би „паднала“. Другата страна ја очекува вашата иницијатива. Почнувате да се прилагодувате на личноста што ви се допаѓа. Одличен ден за преговори поврзани со вашите идни планови, избегнете крути ставови.

Девица

Ќе успеете да се справите со сите дневни задачи и непријатности. На емотивно поле, обидете се да ги држите вашите чувства под контрола, сега не е вистински период за да делувате емоционално. Потребен ви е некој што може да ги разбере вашите идеи или да ви го разубави расположението. Погледнете околу вас.

Терезија

Ќе бидете многу нервозни бидејќи некои работи се одвиваат побавно отколку што очекувавте. Потребно ви е трпение. Во љубовта потребно е да научите да бидете малку пофлексибилни Потребно е да бидете малку поотворени во контактот со лицето што ви се допаѓа со цел да го придобиете.

Скорпија

Вашата гордост полека избива на површина, а поради тоа најмногу страда врската со саканата личност. Не можете да ѝ ја наметнете ваша волја. На професионално поле, важно е да прифатите активна улога и да го почитувате основниот протокол за деловна соработка. Доколку немате сигурни информации за деловните можности, не ризикувајте непотребно.

Стрелец

Иако однадвор ќе бидете сериозни и ладни како мраз, одвнатре ќе бидете подготвени за забава и авантури. Тешко ќе ги издавате вашите вистински чувства, бидејќи ќе се плашите од реакциите на луѓето. Не дозволувајте недостаток на имагинација или емоционална инспирација.

Јарец

Коментарите на луѓето веќе не влијаат на вашите одлуки, не можат да ви ја намалат самодовербата. Вие се променивте, па со задоволство им се смеете на сите кои ви велат дека не можете или дека не сте способни за разни работи. Бидејќи имате самодоверба. Тоа позитивно ќе се одрази и на вашиот љубовен живот.

Водолија

Разговорот со еден напорен колега не поминува најдобро, а неговите ставови ве иритираат. Ако сте сингл, ќе остварите комуникација со многу интелектуална личност. Ви остава впечаток дека со неа ќе остварите сериозни врска. Ако сте во врска, посесивноста на партнерот полека, но сигурно ја убива сета ваша љубов кон него.

Риби

Веројатно ќе бидете растргнати помеѓу саканата личност и еден член на своето семејство. Не можете да го издржите притисокот. Денеска ќе се обидете да се оддалечите од деловните теми, колку е можно повеќе. Вашите лични односи ќе бидат во чувствителна фаза, кога треба да покажете толеранција, внимание и сочувство.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.