Ова е омиленото јадење на Кемиш, а Зорица го подготвува подобро од сите: Идеално е за студените денови (рецепт)
Мерак на душата...
Волшебен е рецептот на Зорица Брунцлик за подварак со месо
Дивата на народната музика Зорица Брунцлик беше учесничка во хуманитарното шоу „На вечера кај“ и судејќи по пофалбите што ги добија нејзините јадења, таа е најдобрата готвачка на естрадата. Пејачката на гостите им послужи бројни јадења, а тие за секое од нив побара рецепт од Брунцлик.
Како предјадење, Брунцлик подготви многу необична салата со кисели краставички, крцкави чварки и крем сир, додека главното јадење беше свинско, за што се погрижи Кемиш, но тоа не е се.
Покрај крцкавото свинско месо, кое ги воодушеви гостите на Зорица, имаше и чорба со мисирка која многу им се допадна на сите, а како што откри пејачката, многу лесно се подготвува.
Рецепт за чорба од мисирка на Зорица Брунцлик
Состојки:
– мисирка
– кисела зелка
– мешавина од зачини
– бибер
– ловоров лист
– маслиново масло
Подготовка:
Мисирката исечкајте ја на парчиња, добро зачинете ја, а потоа испечете ја во рерна на маслиново масло.
Киселата зелка убаво измијте ја, ситно исечкајте ја, зачинете ја и ставете ја во тавче да се динста.
Доколку е потребно, додадете вода.
Кога зелката е речиси готова, истурете ја во земјено тенџере и ставете ја во рерна да се пече. Послужете ги зелката и мисирка со проја.
Фото: принтскрин
Коментарите се заклучени.