Ако им завидувате на оние жени кои секогаш имаат совршен реп со многу волумен крајно време е работите (косата) да ги преземете во свои раце.
Иако вашата коса е ретка, со неколку трикови можете да создадете репче со многу волумен. Во продолжение ви откриваме три едноставни трикови, кои сигурно ќе креираат богат и луксузен реп.
1. Два ластици за коса
Наместо еден стегач за коса, користете два. Врзете го едниот стегач за коса како и обично за да ја соберете косата, а другиот врзете го веднаш над првиот. Вториот ластик ќе ја подигне косата и ќе направи да изгледа побујно.
2. Двојно репче
Косата поделете ја на два дела и горниот дел врзете го во реп, а другиот дел од косата слободно оставете го врз едното репче. Овој трик за коњско репче ќе направи вашата коса да има повеќе волумен и ќе го направи вашето репче да изгледа подолго отколку што е.
3. Тапирање на репот
Врзете го репчето и поделете го на три дела и секој дел тапирајте го. Не заборавајте да го исчеткате горниот слој на косата за сè да изгледа поуредно.
Коментарите се заклучени.