Брак склучен за време на ретрограден меркур: Дали е однапред осуден на пропаст?
Паметно ли е да ја одложите свадбата?
Секоја година Меркур по трипати во годината се движи наназад и тоа е период што трае околу 3 недели.
Со оглед на тоа што ретроградниот Меркур има влијание врз комуникацијата, многумина се прашуваат дали ова е поволен период за стапување во брак и дали можеби е подобро да се одложи свадбата?
Според астролозите, кај младенците што во овој период стапуваат во брак може да се случи да чувствуваат несигурност, проблеми во комуникацијата и недоразбирања. Сепак, мора да имате предвид дека астрологијата е тука само за да ви даде насоки, а тоа не значи дека треба целосно да ги менувате плановите.
Така што, иако нештата може да бидат отежнати, сосема е безбедно да стапите во брак. Потешкотиите може да се одразат повеќе на планирањето на свадбата и самата церемонија, отколку на тоа колку ќе трае бракот.
Ако љубовта е вистинска, тогаш ништо нема да може да ви го расипе овој ден.
Коментарите се заклучени.