Прочитајте што ви советуваат ѕвездите за денешниот ден, во врска со работата, љубовта и здравјето
ОВЕН
Работа: Немојте да чекате со донесувањето некои важни одлуки. Посветете дел од слободното време и на некој вид активен одмор за да ги наполните батериите за новата работна седмица.
Љубов: Дајте го својот максимум кога станува збор за љубовта, нема да зажалите.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Обидете се денес да се растоварите од обврските и повеќе да уживате во обичните мали нешта, онака како што само вам ви одговара.
Љубов: Бидете активни и на љубовен план, каде што може да очекувате пријатна атмосфера и посветеност од саканата личност.
Здравје: Посветете доволно внимание на соодветен одмор.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Близнаците и овој ден ќе бидат активни на сите полиња. Немојте да започнувате многу работи одеднаш, туку организирајте се на најдобриот можен начин.
Љубов: Бидете шармантни и насмеани, но немојте да премолчувате некои важни работи пред саканата личност.
Здравје: Одлично.
РАК
Работа: Раковите денов ќе го посветат, пред сѐ, на извршувањето домашни обврски и заеднички семејни активности.
Љубов: Обидете се да се опуштите и да уживате во заедничките мигови со вашата сакана личност.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Лавовите би требало да го посветат денот на уживање во постигнатите резултати, на опуштање и евентуално некое убаво дружење со блиските луѓе.
Љубов: Љубовните планови денес би можел да ги наруши повик од некој близок пријател за да му помогнете.
Здравје: Можно варирање на крвниот притисок.
ДЕВИЦА
Работа: Девиците денес би можеле да очекуваат кратко патување и завршување на некои важни договори поврзани со идните деловни преговори.
Љубов: Можно е потенцијално незадоволство од другата страна, ослободете се од него со искрен разговор.
Здравје: Без поважни предупредувања.
ТЕРЕЗИЈА
Работа: Посветете се на коректно одработување на вашите зацртани обврски и ќе можете да очекувате соодветна материјална сатисфакција.
Љубов: Одлични аспекти на љубовен план, се најавува интересна недела за повеќето Терезии. Само контролирајте го нетрпението и препуштете им се убавите мигови и на уживањето.
Здравје: Многу добро.
СКОРПИЈА
Работа: Скорпиите ќе имаат многу обврски и вториот ден од викендот, но би требало да очекувате помош од соработник.
Љубов: Без некои поголеми бранувања на вашиот љубовен хоризонт, мислите ви се на сосема друга страна.
Здравје: Би ви годела физичка активност.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Извршете ги неопходните подготовки за почетокот на новата работна седмица, како физички така и психички. Би ви годела некоја активност на отворен простор.
Љубов: Не дозволувајте денот денес да ви биде пасивен кога станува збор за љубовта. Покренете се и направете вистинско изненадување за саканата личност
Здравје: Сосема задоволително.
ЈАРЕЦ
Работа: Собирањето на лични впечатоци, барањето вистински начин на вклопување во новонастанатите околности, денес би можело да биде тема за размислување кај типичните Јарци.
Љубов: Уживајте, опуштете се, денес нема причина било што да менувате.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Обидете се да ги заобиколите непотребните зборови и коментари од страна и фокусирајте се на целта.
Љубов: Преземете иницијатива и организирајте некакво излегување или дружење со пријателите.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
РИБИ
Работа: Имате многу идеи на ум, но неодлучни сте. Размислете за некакви покренување од минатото.
Љубов: Немојте да се заморувате со неважни работи, само ќе внесете негативна енергија во вашите љубовни редови.
Здравје: Многу добро.
Коментарите се заклучени.