ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 31 јули (недела): Водолиите ги очекува изненадување од саканата личност, а Биковите интересно познанство
Астро-прогноза
Овните се добро расположени, Девиците се опуштени, Стрелците се оптоварени со дилеми
ОВЕН
Работа: Позитивната енергија и доброто расположение денес би требало да ги поттикнат Овните да се занимаваат со некоја креативна активност.
Љубов: Бидете креативни, но и детални кога станува збор за љубовните активности, би требало повеќекратно да ви се исплати. Не ѝ препуштајте ништо на случајноста.
Здравје: Без значајни предупредувања.
БИК
Работа: Повеќето Бикови ги очекува рутинско извршување на секојдневните обврски вториот ден од викендот, особено некои ситници.
Љубов: Ве очекува одличен ден на љубовен план кога станува збор за новите познанства.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Денешните планови на Близнаците би можеле да ги нарушат некои незавршени домашни обврски, но тоа никако не треба премногу да ве загрижува.
Љубов: Во текот на оваа недела, ситуацијата на вашиот љубовен план најверојатно ќе остане на исто ниво како и претходните денови.
Здравје: Сосема задоволително.
РАК
Работа: Раковите би можеле да бидат окупирани со бројни домашни обврски и подготовки за новата работна седмица. Имате многу ситни детали што треба да ги средите.
Љубов: Немојте денес да се занимавате со непотребни прашања и детализирање, така можете само без потреба да ја оптоварите саканата личност.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Лавовите би требало веќе да имаат договорени активности за оваа недела, поврзани со одмор и поминување време надвор од дома.
Љубов: Доколку имате волја и мотив да ѝ подарите љубов и нежност на саканата личност и да поминете повеќе време заедно, ова е идеалната можност за тоа.
Здравје: Нема причина за загриженост.
ДЕВИЦА
Работа: Денес посветете им се на интересите што ви причинуваат задоволство и каде што би можеле дополнително да се усовршите. Ве очекуваат некои поволни информации поврзани со нови деловни договори.
Љубов: Бидете опуштени и израдувајте ја саканата личност со некој убав знак на внимание.
Здравје: Многу добро.
ТЕРЕЗИЈА
Работа: Денов е како порачан за најтипичните претставници на овој знак да им се посветат на деталите поврзани со развој на нови идеи, кои веќе некое време им се на чекање.
Љубов: Бидете смирени и трпеливи и не враќајте се на некои теми од минатото, нема да постигнете ништо.
Здравје: Променливо расположение.
СКОРПИЈА
Работа: Би можеле да очекувате позитивни повратни информации поврзани со некоја работа што планирате да ја започнете наредниов период.
Љубов: Без значајни промени на вашиот љубовен хоризонт во споредба со вчерашниот ден.
Здравје: Многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Најтипичните Стрелци денес можат сосема добро да се изборат со непланираните, дополнителни обврски. Остатокот од времето би требало да си го посветите на себе и на одмор.
Љубов: Сомнежите и дилемите што ве оптоваруваат можете да ги решите со директен и отворен пристап.
Здравје: Ви треба психофизичка релаксација.
ЈАРЕЦ
Работа: Прилично опуштен ден е пред Јарците, идеален за да уживаат и евентуално да му помогнат на некој драг пријател. Пријателското опкружување секако ќе ви годи.
Љубов: Покрупните планови и поконкретните акции оставете ги за подоцна, а денес посветете се на одморот и уживањето во некои мали, но убави работи.
Здравје: Би ви годела физичка активност.
ВОДОЛИЈА
Работа: Денес може пријатно да ве изненади добивањето конкретна сатисфакција од претходно вложениот труд или предлог за макар минимално напредување на хиерархиската скала.
Љубов: Денес би можеле да очекувате пријатно изненадување од саканата личност. Уживајте.
Здравје: Наспијте се доволно.
РИБИ
Работа: Поволен ден за да ги извршите неопходните разговори со соработниците поврзани со важни деловни договори, а остатокот посветете го на одмор.
Љубов: Препуштете им се на вашите чувства, водете се според имагинацијата и така ќе ја израдувате саканата личност и ќе уживате.
Здравје: Можна главоболка.
Коментарите се заклучени.