Овој настан е причината што заболела од рак: Зад насмевката на оваа жена се крие морничава приказна, за која денес отворено зборува!

Дознајте повеќе

Френ Дрешер, која се прослави со улогата во серијата „Дадилка“, заблескала на еден настан кога со својата појава ги оставила присутните без текст

Иако има тешко минато, славната актерка Френ Дрешер (65) не дозволува неволјите да ја скршат. Оди храбро напред, не гледајќи зад себе.

Познатата актерка се прослави со улогата во серијата „Дадилка“ и иако од емитувањето имаат поминато 30 години, таа изгледа како да не остарела ни ден.

Нејзината појава на доделувањето награди САГ привлекла големо внимание. На црвениот килим заблескала во долг црн фустан со сребрени детали, косата ѝ била врзана во пунџа, а насмевката, што е нејзин заштитен знак, не ја симнувала од лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fran Drescher (@officialfrandrescher)

За овој стајлинг модните критичари имале само пофални зборови, па актерката се нашла на листата на најдобро облечени дами.

Иако денес е насмеана, има тешко минато зад себе.

Френ била во брак со Питер Марк Џејкобс од 1978 до 1999 година.

Токму нејзиниот сопруг присуствувал на страшниот настан во 1986 година, кога во нивниот дом упаднале двајца вооружени провалници. Едниот ја силувал Френ, а другиот нејзината пријателка, додека Питер го врзале и го принудиле да ги гледа ужасните сцени.

Мажот што ја силувал Френ бил уапсен кратко по злоделото, а со оглед на тоа што бил на условна слобода, бил осуден на две доживотни затворски казни.

„Во тој момент не знаевме дека силувачот и неговиот брат биле на условна слобода. Морничава е помислата дека бил во затвор, го пуштиле и потоа го направил сето тоа. Со оглед на тоа што имам фотографска меморија, им помогнав на полицијата и на илустраторот да направи скица според која подоцна криминалецот беше пронајден и приведен“, раскажала Френ во интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fran Drescher (@officialfrandrescher)


Во моментот на силувањето таа имала 28 години.

Актерката подоцна открила дека верува дека тој настан е виновникот што во 2000 година заболела од рак на грлото на матката. Но за тоа веројатно придонел и стресот што го доживеала една година претходно кога се развела од сопругот, бидејќи тој сфатил дека е хомосексуалец.

„Долги години не се справував и не се занимавав со болката што ми ја предизвика силувањето. На крајот завршив со карцином. Телото одлучи да се скрши и да развие болест. Тоа беше големо искуство за мене.

Не сум среќна што имав карцином и не му го посакувам тоа никому, но станав подобар човек после тоа. Некогаш најдобрите дарови доаѓаат во најгрди пакувања“, рекла актерката што ја освои публиката ширум светот.

Но ни тоа не ја скршило актерката, а во 2007 година основала хуманитарна организација за борба против рак и се активирала во јавноста. Храбрата Френ денес има 65 година, а во 2014 година се омажила за седум години помладиот Шива Ајадураи, американски научник и компјутерски експерт.

Зад големата насмевка криела страшна тајна: Најпознатата дадилка на светот со години не можела да се соземе од овој шок!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.