ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 28 јули (четврток): Девиците ги очекува финансиски прилив, работниот напредок е гарантиран!
Астрологија
Терезиите ќе имаат сè помалку конфликти на работа, Лавот добива сатисфакција за вложениот труд
ОВЕН
Работа: Денов ви ветува започнување нови соработки и проекти. Добивате информации што ви се важни и неопходни за да продолжите со своите планови, што значително ќе ви го олесни функционирањето.
Љубов: Рутината денес би можела да ви ја разбранува излегување и добра забава со убаво друштво.
Здравје: Ништо значајно освен малку нервоза и минлив стрес.
БИК
Работа: Уште од почетокот на работниот ден, надредените ќе ве преплават со промени на договорените планови и барања што никако нема да ви одговараат.
Љубов: Утеха и прибежиште од напнатиот ден многу Бикови би можеле да пронајдат во љубовната прегратка, под услов да бидат подготвени да признаат и покажат нормални човечки слабости.
Здравје: Контролирајте го крвниот притисок.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ве очекува одличен ден за да направите убави и вредни работи на професионален план, особено кога станува збор за деловни договори со странство.
Љубов: Со оглед на големите ангажмани на други полиња, логично е тоа што нема да ви остане многу енергија за љубов, но секогаш може да се најде резерва барем за случаен флерт.
Здравје: Можна несоница.
РАК
Работа: Бидете упорни и истрајни во настојувањата да ги извршувате обврските на вашиот веќе проверен начин. Можни се зголемени притисоци и предизвици, но не ви е ни прв ни последен пат да пливате во тие води.
Љубов: Доколку припаѓате во онаа група Ракови што се задоволни од партнерските односи, во врската или во бракот, логично е да очекувате разбирање, заштита и поддршка од саканата личност.
Здравје: Водете сметка за редовната и правилна исхрана.
ЛАВ
Работа: И добриот работен ден според повеќе критериуми, сепак, би можел да остави впечаток на недоволна сатисфакција за вложениот труд кај најтипичните Лавови.
Љубов: И на полето на љубовта некои работи не се и не можат да бидат под ваша контрола или онака како што вам најмногу би ви одговарало. Можеби треба да размислите за спуштање на критериумите.
Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.
ДЕВИЦА
Работа: Генерално, Девиците ги очекува одличен работен ден, а особено поволни околности ќе имаат оние што планираат да обелоденат нови идеи. Ќе бидете во можност да наметнете некои нови начини на работа и да воведете некои нови технологии.
Љубов: Ова не е ден за некоја капитална љубовна акција, но може да биде многу интересен за внимателно набљудување на околината, особено на работа ве очекуваат пријатни изненадувања.
Здравје: Многу добро.
ТЕРЕЗИЈА
Работа: Сето тоа што е под ваше директно влијание генерално успевате да го остварите на време и како што треба, но на поле на соработките, можни се мали недоразбирања.
Љубов: Немојте да се изненадите ако добиете потврда дека некој е многу заинтересиран подобро да ве запознае.
Здравје: Осетливо грло.
СКОРПИЈА
Работа: Без брзање и со добра организација успевате да постигнете сè, за нијанса полесно и со помалку потрошена енергија во споредува со претходните денови.
Љубов: Обидете се да не предизвикате забуна или погрешно толкување од другата страна со некоја ваша непромислена постапка, имајте доволно доверба и препуштете ѝ се на саканата личност.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Без некои поголеми разлики и отстапки во споредба со претходниот ден. Би требало да обрнете внимание на комуникацијата со работното опкружување, бидејќи можни се сериозни недоразбирања.
Љубов: Повеќето Стрелци може да очекуваат рутински ден во сферата на љубовта, без големи (не)пријатни изненадувања.
Здравје: Чувство на исцрпеност.
ЈАРЕЦ
Работа: Основното и најважното на професионален план е под ваша контрола, така што ќе имате доволно причини да бидете задоволни со постигнатото.
Љубов: Веројатно имате повеќе идеи за љубовна иницијатива, сепак не брзајте со реализацијата, околностите можеби не се лоши, но ве очекуваат уште подобри во блиска иднина.
Здравје: Одморајте се доволно.
ВОДОЛИЈА
Работа: Сè што сте планирале за овој работен ден, колку и да ви изгледа тоа реално, размислете уште еднаш, и поштедете се себеси од поголеми нервози со некоја потенцијална исправка.
Љубов: Веќе имате неколку измешани љубовни сигнали во вашата глава, а денес најверојатно ништо од тоа нема да ви се разјасни.
Здравје: Пад на имунитетот.
РИБИ
Работа: Може да се загубат некои делови од многу важна документација и сето тоа да доведе до уште поголемо забавување и можно разидување со најблиските соработници.
Љубов: Обидете се што повеќе да бидете во движење, со друштво, на забави и собири.
Здравје: Чувајте се од настинки.
Коментарите се заклучени.