Тридневното мени на Новак Ѓоковиќ: Оваа храна му дава здравје, издржливост и виталност!
Во храната е здравјето
Новак не сака да се изјаснува како вегетаријанец или веган, иако познато е дека не јаде намирници од животинско потекло
Во книгата на Новак Ѓоковиќ „Сервирај за победа“ од 2013 година, објавено е комплетно мени за шампиони.
Новак Ѓоковиќ смета дека ваквото мени му овозможува здравје, виталност и издржливост на теренот:
ПРВ ДЕН
Појадок: Водата е задолжителна и тој пие вода штом стане од кревет и тоа со две лажици мед. Потоа, јаде мусли (вклучувајќи органски овес или зоб, брусница, суво грозје, семки од тиква или сончоглед и бадеми).
Ужина (ако има потреба): Леб без глутен или крекери со авокадо и туна.
Ручек: Салата од мешан зелјест зеленчук, тестенини примавера без глутен (вклучувајќи тестенини од ориз, тиквички, аспарагус, сушен домат и веганско сирење, по избор).
Попладневна ужина: Јаболко со путер од индиски ореви, диња
Вечера: Кељ, цезар салата (кељ, киноа и пињоли), плус прелив и сардела или сардини, супа минестроне, филети од лосос со печен домат и маринада.
ВТОР ДЕН
Појадок: Вода, две лажици мед, банана со путер од индиски ореви, овошје
Ужина (ако треба): Тост без глутен со путер од бадем и мед.
Ручек: Салата од мешан зелјест зеленчук, зачинета салата со резанки, вклучувајќи црвена пиперка, рукола, индиски ореви, листови босилек и оцет балсамико).
Попладневна ужина: Интегрални плочки со овошје и јаткасти плодови.
Вечера: Салата од туна (боранија, грав канелини, рукола, туна, црвена пиперка, домат и леблебија од конзерва), доматна супа, печен домат.
ТРЕТ ДЕН
Појадок: Вода, две лажици мед, овес без глутен со путер од индиски ореви и банани, овошје.
Ужина (ако треба): Домашен хумус (од леблебија и соја сос без глутен) со јаболка.
Ручек: Зелена салата, тестенини без глутен со песто (тестенини од ориз, ореви и листови босилек).
Попладневна ужина: Авокадо со крекери без глутен, овошје.
Вечера: Салата со авокадо и домашен прелив, супа од моркови и ѓумбир.