Народен лек: Оваа напивка целосно го прочистува црниот дроб од насобраните токсини!
Чувар на здравјето на најважниот орган во телото
Здравиот црн дроб е клучот за добро здравје, а оваа напивка е најдобриот прочистувач на црниот дроб
За да може целото тело добро да функционира, неопходно е црниот дроб да биде здрав и прочистен од токсини.
Поради секојдневното внесување шеќер, маснотии, газирани пијалаци и други нездрави намирници во црниот дроб, се таложат токсини и се забавува неговата работа. Затоа, неопходно е одвреме-навреме да направите детоксикација на телото.
Оваа народна напивка ќе ви го прочисти црниот дроб и ќе го снабди со драгоцени хранливи состојки.
Состојки:
- 6 лимона
- 3 грејпфрута
- корен од ѓумбир со големина од 9-10 см (Или 5 супени лажици ѓумбир во прав)
- 4 чешниња лук
- неколку листови свежо нане
- половина литар чиста зовриена вода
- 3 супени лажици ленено масло
- 1 чајна лажица ким во прав
Приготвување:
Исцедете сок од лимоните и грејпфрутот во еден сад. Во блендер ставете ѓумбир, лук и чај од нане, и добро изматете. Процедете ја оваа смеса и тој сок (од лук и ѓумбир) измешајте го со сокот од лимон и грејпфрут, додајте вода, ким и масло од лен.
Сето тоа добро измешајте го заедно додека стане компактно.
Напивката се пие на празен желудник, по будењето, 2-3 пати неделно.