Таа мисли дека не е убава, но што мислите вие за Викторија Бекам? (ФОТО)

Побрза да ги избегне папараците

Сопругата на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (44), познатата модна дизајнерка Викторија Бекам (45) ја изненади јавноста кога искрено соопшти дека не се смета за убавица.

Мислам дека не сум убава. Дефинитивно е така. Се обидувам да го извлечам најдоброто од она што го имам. Ги гледам моите недостатоци и несовршености и се’ што можам да направам е да ги прифатам. Сепак, ми требаше многу време да дојдам до оваа состојба на свеста“, призна Викторија во едно интервју.

И навистина се труди. Редовно вежба, здраво се храни и секогаш настојува да се појавува средена од глава до петици. Но неодамна, неуморните папарацо-фотографи ја „уловија“ на излегување од фитнес-центарот, каде што напорно тренираше два часа. Штом ги здогледа, Викторија побрза да влезе во автомобилот за да ги избегне. Сепак, успеаја да ја уловат во спротско издание, кое, рака на срце, одлично и’ прилега. Проценете сами:

Фото: Profimedia

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе