Светските таблоиди поради овие фотографии заклучија дека Џесика Бил и Џастин Тимберлејк се пред развод (ФОТО)

Сепак, нашето внимание го привлече нешто друго

Светските медиуми продолжуваат да пренесуваат дека Џастин Тимберлејк (38) поради прељубата со колешката Елиша Венврајт (повеќе информации можете да прочитате ТУКА) е пред развод со актерката Џесика Бил (37). Овие тврдења, меѓу другото, ги поткрепија и папарацо-фотографиите на кои ја гледаме актерката во прошетка со нивниот син Сајлиз. Поради тоа што Џесика на фотографиите е без шминка на лицето, сите коментираат дека поминува низ кризен период во бракот.

Сепак, ние сметаме дека убавата Џесика воопшто не би требало да се шминка, затоа што судејќи по приложеното, изгледа прекрасно и без шминка.

Имено, за прошетката со синот низ Њујорк, Џесика својот стајлинг го приспособила кон пригодата – носи  топла зимска црна јакна, бел џемпер, црни панталони, капче на главата и удобни патики на нозете.

Фото: Daily Mail

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.