Покажала како се носат машки одела: Ким Кардашијан продолжува да воодушевува со модните изданија

Иако последниве неколку години практикувавме да облекуваме парчиња што ја нагласуваат нашата фигура, минатата и оваа година фокусот премина на предимензионираните парчиња што можеме да ги позајмиме од машкиот плакар.

Иако обожава да ги покажува своите бујни облини, Ким не му одолеала на трендот со машки одела, па така на својот инстаграм-профил позирала во предимензионирано одело што многу лесно би можело да се замени за машко и кое целосно ја крие фигурата на женското тело.

https://www.instagram.com/p/BzGwP-nAbQt/?utm_source=ig_embed

И покрај тоа што оваа комбинација не е особено сексапилна, оваа старлета изгледала многу женствено и впечатливо во неа, а дополнителна доза елеганција и’ дали високите потпетици и чантата со дезен на змиска кожа.

Ким на фотографијата носела и очила за сонце, со кои постигнала изглед на вистинска модна икона.

Инаку, Ким не е единствената љубителка на предимензионирани машки модни парчиња. Покрај многуте други познати дами, на овој тренд не му одолеала ни сопругата на Џастин Бибер, Хејли, на која токму ова парче и’ беше омилено оваа година.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе