Жика Јакшиќ го прекина снимањето на „Никад није касно“: Во студиото влета обезбедувањето! (ФОТО)

Што ли се случи...

Во емисијата „Никогаш не е доцна“ настанал тотален хаос поради Жика Јакшиќ, а во еден момент ја прекинал емисијата и во студиото влетало обезбедување.

Имено, Калиопи и Жељко Самарџиќ, покрај Саше Милошевиќ – Маре биле дел од стручното жири, а уште на самиот почеток се воодушевиле од кандидатите.

„Јас веднаш би запловил, одма би продолжил, бузукито гори, честитам“ – се обратил Жељко на еден од натпреварувачите, додека Калиопи била воодушевена од друга натпреварувачка.

„Ова беше толку слатко, преслатко навистина. Уживавме и танцувавме“ – порачала пејачката.

Жика, кој е домаќин на емисијата, во еден момент свирнал и на сцената се појавило обезбедувањето. На почетокот на никој не му било јасно за што се работи, а потоа сфатиле дека обезбедувањето носи храна директно од тавата за печење.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.