Whitesnake нема да има концерт во Скопје, еве ја причината!

Откажан!

Whitesnake 2014

Како што информира организаторот, Авалон Продукција, ,,Whitesnake” и David Coverdale, поради здравствени причини на Coverdale, покрај претходно откажаните четири концерти, бендот го откажа и остатокот oд европската турнеја во која од седум концерти, три требаше да бидат во организација на Авалон Продукција; Скопје, Белград и Сараево.

Нема информација дали концертите ќе имаат нов термин, па поради тоа ќе се вршела целосна рефундација на средствата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Coverdale (@whitesnake)

Англискиот рок бенд кој е присутен на сцената околу пет децении, кон крајот на минатата година ја најави турнејата која беше планирано да започне на 10-ти мај во Даблин, а потоа да продолжат со концерти во Лондон, Манчестер, Стокхолм, Минхен, Загреб, Будимпешта, Белград, Атина, Скопје… и за крај Могилово, соседна Бугарија.

Влезниците за концертот се продаваа по цена од 1.500 денари за партер и 2.000 денари за фанпит

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.