Тврдење на психолог: Ова е главната причина за сите болести!

Сé потекнува од емоцијата

Фото: Unsplash

Многумина го занемаруваат овој факт

Сергеј Николајевиќ Лазарев е руски психолог, филозоф, исцелител и парапсихолог. Негова е популарната книга „Дијагноза-карма“. Лазарев верува дека не можеме да го лекуваме телото без да ја излечиме душата. Тој тврди дека секоја болест е последица на кармата.

Ако некому му правите нешто лошо, тоа може да ви се врати во вид на болест. Лазарев објаснува зошто животот за некого е мајка, а за некого лоша маќеа и која е, всушност, тајната на здравјето и на среќниот живот?

До одговорот на ова прашање дошол истражувајќи ја врската помеѓу погледот кон светот и ситуациите што нé опкружуваат.
Човек треба да го сака светот околу себе и ако не чувствува љубов кон светот, во неговата душа се развива чувство на непријатност и тогаш почнува најпрво психичката, а потоа и физичката агонија.

Ништо не може да го уништи здравјето како тагата, гневот и насобраната негативна енергија. Со истражувањето утврдено е дека во голема мера се разболувале луѓе кои биле незадоволни од животот и од околностите што ги опкружуваат.

Во секојдневниот живот, ние дозволуваме да нé преокупираат лоши вести, па поведени од тоа, и ние почнуваме да зборуваме лошо за другите. И малку по малку влегуваме во тој маѓепсан круг на негативна енергија што подоцна се одразува и на нашиот живот. Иако немаме вистинска причина за незадоволство, стануваме гневни и несреќни.

Токму тука лежи коренот на сите проблеми. Тоа е она што го уништува здравјето на крајот.

Секогаш можеме да ја промениме ситуацијата во наша корист и да го промениме начинот на однесување. Првото нешто што мора да го промените е да се откажете од желбата да контролирате сé, да му се препуштите на моментот и да не се нервирате околу работи на кои не можете да влијаете.

Ако сакате среќен живот и добро здравје, немојте во сé да наоѓате мани. Само оние што ќе пронајдат мир во душата можат да бидат целосно здрави.

Доколку сте незадоволни од државата, општеството, семејството, партнерот, сето тоа е потсвесна лутина кон самите себе. Сменете го тоа…

Кога душата потиснува, телото страда: Потиснатите емоции со текот на времето се претвораат во тешки болести!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.