Со еден потег си го уништила лицето, па добила нова шанса: Сега ги преколнува луѓето да не го прават ОВА и да си го ценат животот!

Трансплантација на лице

Девојка се застрелала во глава и си го уништила лицето, но докторите ѝ направиле трансплантација, а таа добила нова шанса за живот

Кејти Стаблфилд имала само 18 години кога направила лудост која оставила голема лузна и трага во нејзиниот живот. Имено, девојката непромислено ја зела пушката на брат ѝ и се застрелала во лицето, со цел да си го прекине животот.

Овој момент на непромисленост засекогаш го променил животот на нејзиното семејство, а таа ја споделила својата приказна со желба да им помогне на другите.

И покрај тоа што била успешна на сите полиња и била мотивирана да ги совлада сите препреки и неволји, таа попуштила под притисокот. Раскинувањето со момчето, тргнувањето на факултет и многуте други обврски биле преголем товар за неа. Кејти истакнала дека во тој период немала суицидни мисли, туку дека одлуката да се застрела била многу избрзана и импулсивна.

Кога се застрелала во лицето, куршумот, за среќа, не го погодил мозокот, но на нејзиното лице останала голема трага. Докторите биле скептични, ѝ давале многу мали шанси да преживее и предупредувале дека ќе има огромни последици ако преживее.

„Никогаш нема да јаде, никогаш нема да пие, никогаш нема да може да се бања сама, никогаш нема да разговара, ќе биде билка, едноставно ќе мора да го помине остатокот од животот во посебна установа“, вака гласела прогнозата на лекарите.

Но семејството цврсто верувало во неа, знаејќи колкава сила има и колку е храбра.

Втора шанса за живот

Откако се разбудила со болки, во болнички кревет, Кејти сфатила дека го преживеала обидот за самоубиство и била многу повредена од фактот што кренала раце од себе.

„Целосно се сеќавав што сум направила. Си помислив: ‘Како можев да си го направам тоа себеси’, но уште поважно ‘Како можев да му го направам тоа на моето семејство’“, раскажала таа.

Благодарение на големиот напор и стручноста на лекарите, кои успеале да реконструираат дел од нејзиното лице и да ја препорачаат како идеален кандидат за трансплантација, Кејти добила втора шанса.

„Тоа беше можност еден ден повторно да имам свое лице и свој живот… Тоа беше многу тешка одлука за мене, бидејќи знаев дека некој ќе мора да умре за јас да добијам лице“, истакнала Кејти.

Нејзин донатор била девојка која починала по предозирање со кокаин, а по три години и 22 големи операции, Кејти добила термин за трансплантација. Кејти била многу храбра, бидејќи поминала низ болен и мачен процес, но се трудела да остане позитивна, со оглед на тоа што го сфатила ова како ново поглавје од нејзиниот живот.

Во процесот на трансплантација на лицето учествувале 11 хирурзи, додека самата операција траела еден и пол ден.

„Животот е прекрасен подарок и благодарна сум што добив втора шанса да го живеам. Многу луѓе ми помогнаа и сега јас сакам да им помагам на другите луѓе“, заклучила Кејти.

Ја силувал 8 часа, а потоа ја посипал со киселина: Дотогаш имала сè – оттогаш само мака, болка и 400 операции! (ФОТО/ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.