Ја силувал 8 часа, а потоа ја посипал со киселина: Дотогаш имала сè – оттогаш само мака, болка и 400 операции! (ФОТО/ВИДЕО)

Ужас!!!

Хоророт што го преживеала оваа жена не би го посакале ни на најлошиот непријател

Кејти Пајпер била Мисица и манекенка на врвот на кариерата додека нејзиниот партнер најмил професионалец да ја полие со киселина. Денес, таа гласно зборува за тоа што го доживеала за да им помогне на жените што биле жртви на некаков вид насилство.

Во 2008 година, Кејт имала сè што посакувала – била на врвот на кариерата, ја освоила титулата Мис Винчестер, работела како водителка и манекенка, заработувала огромна сума на пари, а потоа во едени момент, сето тоа ѝ го одзел оној кому му верувала најмногу.

Нејзиниот тогашен дечко Даниел Линч, во налет на љубомора најмил професионалец кој ја посипал Кејт со сулфурна киселина, а по овој монструозен чин, кожата на лицето ѝ била потполно изгорена, коските оштетени, го изгубила видот на едното око, а повредени ѝ биле и делови од рацете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)

Меѓутоа, тоа не било сè. Кратко пред морничавиот чин, Даниел ја силувал и злоупотребувал дури 8 часа. Киселината била само финалето на неговата одмазда.

За тоа колку бил брутален нападот, сведочи и видеото што и денес може да се најде на јутјуб.

Напаѓачот мирно чекорел по улица, додека наишол на Кејти, а потоа ја посипал со киселина. Девојката во агонија отрчала во првото кафуле, каде што гостите побрзале да ѝ помогнат.

Повредите биле морничави, a фотографиите направени околу една година по инцидентот што можете да ги видите во галеријата подолу, сведочат за тоа во каква состојба била Пајпер.

До денес, таа имала околу 400 операции, а последната во низата, трансплантацијата на кожа на десниот капак, била направена неодамна. За среќа, била успешна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)

Кејти уште еднаш докажала дека е роден борец и дека нејзиниот живот допрва почнува.

Првпат кога сфатила дека мора да проговори јавно поминале речиси 2 години од ужасниот инцидент. По криењето од луѓето и паничниот страв од мажи, сфатила дека мора да си ја врати контролата, а еден од начините бил јавно да проговори за сè и на тој начин да им помогне на жените кои преживеале некаква форма на насилство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)

„Се сеќавам на периодот кога не сакав да видам никого ниту сакав некој мене да ме види. Се сеќавам колку се плашев од луѓето, особено од мажите. Се плашев од целиот свет. Се сеќавам дека тогаш, разговорот за оваа траума беше невозможна мисија“, зборувала таа своевремено.

Во тоа многу ѝ помогнало и тоа што полицијата успеала да го лоцира напаѓачот кратко по нападот, а потоа тој бил осуден на доживотна робија.

Денес, Кејти е инфлуенсерка, радиоводителка и Тв- лице, и својата платформа ја користи за да им помогне на сите оние што поминале низ нешто слично. Поради својот позитивен став, ги освоила срцата на луѓето ширум светот. За своето трагично искуство напишала три книги, а во 2011 година била прогласена за жена на годината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)

Исто така, убавицата нашла среќа и во љубовта.

Иако мислела дека никогаш повеќе нема да му верува на ниту еден маж, Ричард Џејмс Сатон бил упорен во тоа да ја освои, а двојката го кажала судбоносното „да“ на тајна венчавка во декември 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)

Во меѓувреме добиле и две деца, две ќеркички Бел Елизабет и Пенелопе Дијана, а како што вели, кога ќе бидат доволно големи, ќе им ја раскаже целата приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)

Досега имала околу 400 интервенции, од кои околу 250 операции, а денес слободно можеме да кажеме дека изгледа неверојатно!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.