Не се мешај во туѓи работи и не им се смеј на туѓите соништа: 31 совет од непалски мудрец за долг и среќен живот!

Бесценето!

Совети што вредат злато

Ви откриваме 31 совет од непалски мудрец за долг и здрав живот. Секој од нив можете да го примените, а доколку ги усвоите овие правила, ќе сфатите колку се нештата убави и позитивни и ќе согледате дека животот е поедноставен одошто сте мислеле.

1. Зборувај бавно и мисли брзо.

2. Не им суди на луѓето според роднините.

3. Кога ќе кажеш „те сакам“ – кажи ја вистината!

4. Кога ќе кажеш „жал ми е“, гледај ја личноста в очи.

5. Никогаш не им се смеј на туѓите соништа.

6. Давај им на луѓето повеќе одошто очекуваат и прави го тоа со задоволство.

7. Секогаш имај ја на ум твојата омилена песна.

8. Не верувај во сé што ќе чуеш, не троши сé што имаш, спиј додека се наспиеш.

9. Големата љубов и големиот успех секогаш изискуваат голем ризик.

10. Кога ќе изгубиш, обиди се да научиш нешто од тоа, па дури и да извлечеш корист.

11. Почитувај се себеси, почитувај ги другите, биди одговорен за сите твои постапки.

12. Не дозволувај мала караница да расипе големо пријателство.

13. Кога ќе сфатиш дека си погрешил, обиди се да не ја премолчуваш грешката, туку брзо да ја поправиш.

14. Секој ден поминувај некое време сам/а.

15. Бидете отворени за споделување, но не се откажувајте од вашите драгоцености.

16. Понекогаш тишината е најдобриот одговор.

17. Прочитај повеќе книги.

18. Кон љубовта и готвењето однесувајте се со безобѕирна ноншалантност – не сакајте и не гответе според туѓи рецепти.

19. Во кавгите со саканите, фокусирајте се на моменталната ситуација. Не спомнувајте го минатото.

20. Читајте помеѓу редови.

21. Споделете го своето знаење со децата. До денес, ова е единствениот познат начин да се постигне бесмртност.

22. Бидете добри кон земјата. Не фрлајте ѓубре.

23. Никогаш не го прекинувај оној што ти ласка.

24. Не мешај се во туѓи работи, не давај празни совети.

25. Не им верувај на оние што те бакнуваат без да ги затворат очите.

26. Еднаш годишно одете некаде каде што не сте биле.

27. Ако заработувате многу пари, искористете нешто од тоа за да им помогнете на другите.

28. Запомнете, понекогаш подобро е да не го добиете тоа што го сакате.

29. Слушајте ги докторите, но научете да живеете онака како што им годи на телото и умот.

30. Мерете го својот успех со тоа што сте морале да го жртвувате за да го постигнете.

31. Вашето „јас“ е крајната точка на вашето патување.

9 лекции на Конфучиј што ќе ви го сменат животот: Мудрости што се паметат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.