Научете да се справувате со љубомората на здрав и нетоксичен начин

Љубомората, за жал, не е резервирана само за период на незрелост и растење. Иако сме свесни дека ова е чувство кое го поврзуваме со емоционална и духовна незрелост, љубомората се јавува и кај возрасните.

Ако се чувствувавте љубоморни во моменти на туѓ успех, во моменти на гледање на нечија среќа, љубов или поврзаност и ако таа се раѓа во вас кога вашиот партнер зборува за колешка од работа со насмевка на лицето, не очајувајте. Љубомората понекогаш се јавува без никакво соопштение, сосема одеднаш и нè фаќа неподготвени. Повеќето луѓе не можат да го контролираат тоа чувство, но поважно од тоа е што правиме со тоа чувство откако ќе ни дојде. Добрата вест е дека сето ова, како и повеќето работи во животот, можеме да ги научиме и дека можеме да се справиме со љубомората.

Одделете се од чувството на љубомора

Пред да се декларирате како љубоморна личност, треба да знаете дека не сте емоциите што ги носите во себе во моментот. Исто како што редицата во банка или сообраќајниот метеж може да ве налути, може да ве скокотне успехот на некој друг и да ве направи љубоморен. Но, тоа не значи дека во моментите на лутина ќе изведете нешто што ќе им наштети на вас или на луѓето околу вас. Истото е и со љубомората. Ако го чувствувате тоа, не дозволувајте да ве контролира. Одделете се од тоа чувство за да се издигнете над него.

Откријте од каде потекнува љубомората

Љубомората главно доаѓа од сопствената несигурност или недоверба кон луѓето или разни трауми. Кога ќе сфатите од каде потекнува тоа чувство, решивте половина од проблемот. Воспоставениот извор ќе биде полесен за лекување и ќе работите на себе за да се ослободите од чувството на љубомора.

Запишете како се чувствувате

Ако не сте сигурни што се случува во вас, зошто се создаваат овие чувства и како можете да се справите со нив – запишете ги мислите. Кога пишувате мисли, не се воздржувајте, бидете отворени и целосно искрени со себе. Само тогаш ќе дојдете до решение.

Зборувајте за тоа

Кога ќе напишете сè на хартија и дојдете до одредени заклучоци – разговарајте со некого и побарајте помош ако ви треба. Исто така, ако се чувствувате љубоморни во пријателска и (особено) љубовна врска – бидете искрени со вашите најблиски и кажете им како се чувствувате и зошто се случило тоа.

Прочитајте и: 7 мали детали од бањата што можат да откријат каква личност сте

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.