Моќта на потсвеста: Еве како позитивните мисли можат да ви го променат животот!

Рецепт за успех

Од мислите зависи какви ќе ви бидат емоциите, од емоциите зависат вашите реакции, а реакциите го креираат вашиот живот

Сигурно сте забележале дека оние денови кога ќе се разбудите добро расположени, сѐ ви оди од рака, додека тогаш кога сте нервозни, речиси ништо не успевате да направите во текот на денот, а среќавате само негативни личности. Дали во тој момент сте помислиле дека целиот свет е против вас? Вистината е дека не е светот поинаков, туку вие.

Сѐ се сведува на нешто што се вика закон за привлекување, теорија што ја популаризира книгата „Тајна“ од Ронда Бјарн во 2006 година. Накратко, таа вели : „Она што го мислиме, тоа го привлекуваме“. Станува збор за идејата дека можеме да привлечеме сѐ што сакаме во нашиот живот преку визуализација на посакуваните резултати, користејќи афирмации, но и дека ако размислуваме негативно, можеме да привлечеме несреќа.

Од мислите зависи какви ќе ви бидат емоциите, од емоциите зависат вашите реакции, а реакциите го креираат вашиот живот. Сите се меѓусебно поврзани, без исклучоци.

Речиси сѐ во животот е достижно само доколку доволно силно го посакуваме тоа и се опкружуваме со позитивни мисли. Бидејќи сѐ тргнува од нашата глава, јасно е дека многу е важно да се размислува позитивно. Доколку сакате да ја остварите која било цел, водете се според овие правила…

Дефинирајте ги вашите желби

Без јасно зацртана цел, никаде нема да стигнете. Најдобро би било да ги запишете своите желби на хартија. Тој список нека ви послужи како потсетник кога ќе изгубите желба и мотивација и кога ќе ве обземат негативни мисли.

Смислете план за акција

Разгледајте ги сите можни патишта по кои би можеле да стигнете до целта и, исто така, ставете ги на хартија.

Уверете се себеси дека сте доволно добри

Секој успех се постигнува така што се излегува од зоната на комфорот. Доколку чувствувате мал страв, тоа е нормално, но не дозволувајте тој да ве парализира, туку храбро продолжете понатаму. Како што веќе кажавме, сѐ тргнува од нашите мисли, а кога ќе се уверите дека можете да го сторите тоа, ништо нема да ви застане на патот кон успехот: „Оној кој поверувал дека може да стигне до врвот, веќе стигнал до пола пат.“

Фокусирајте се на позитивното

Кога ќе се фокусирате на доброто, добри работи и ќе ви се случуваат. Секоја негативна мисла заменете ја со една позитивна. Оваа вежба е одлично, бидејќи по некое време ќе ви стане навика, а потоа позитивните мисли и добрата енергија самите ќе произлегуваат од вас.

Тргнете во акција

Откако ќе се опкружите со позитивни мисли и ќе се уверите дека сте создадени за успех, почнете да ги остварувате вашите цели.

Бидете благодарни за она што моментално го имате

Убави работи ќе ви се случат, само доколку умеете да му се заблагодарите на животот за она што моментално го имате. Секое утро по будењето, помислете на сите луѓе и работи што ги имате во животот, за кои сте благодарни и кои ве радуваат. Благодарноста е основата на секој успех.

10 реченици што привлекуваат позитивна енергија: Убави мисли за зајакнување на оптимизмот и духот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.