Моќни женствени карактеристики што ќе ви помогнат да оставите трага каде и да се појавите!

Бидете забележани!

Што може најдобро да ја истакне вашата женственост?

Живееме во свет во којшто доминираат мажите, па честопати ја потценуваме моќта на женственоста. Но вистинската доминација не лежи во физичката сила и во наметливоста, туку во оние карактеристики што ја прават жената автентична и единствена. Ова се особините што ги красат дамите кои оставаат трага каде и да се појават…

Добрина

Жените кои се љубезни не можат да останат незабележани! Секогаш  се подготвени да помогнат, не се плашат да дадат комплимент, бидејќи знаат дека убавиот збор и железни врати отвора, а нивната позитивна енергија се чувствува оддалеку!

Интелигенција

Паметните жени знаат кога треба да слушаат, а кога да зборуваат. Добро ја проценуваат секоја ситуација и знаат како да постапат и да реагираат. Нивните совети се промислени и корисни, па затоа многумина сакаат да бидат во нивно друштво и да учат од нив. Нивната интелигенција ги прави неодоливи!

Емотивност

Привлечните жени не се плашат од своите емоции. Секогаш кажуваат како се чувствуваат, а токму тоа ги прави посилни од другите. Без разлика колку пати биле повредени, не се плашат да се отворат, бидејќи знаат дека ако се затворат во себе можат да пропуштат многу можности за прекрасни искуства и познанства. Нивната сила лежи во нивната ранливост. Денес, вистинска моќ е да споделиш емоции!

Самодоверба

Самоуверените жени се привлечни жени. Тие многу добро знаат колку вредат и свесни се за своите силни страни. Јасно го кажуваат своето мислење и не се плашат да преземат одговорност. Се чувствуваат пријатно во своја кожа и затоа ги привлекуваат сите околу себе како магнет!

Уникатност

Суштината на женственоста лежи во уникатноста. Секоја жена е посебна на свој начин, но жените што оставаат трага ја прифаќаат својата автентичност и гордо ја нагласуваат. Тие имаат јасни верувања, чувства и соништа од кои не се откажуваат. Тоа е нивното вистинско лице и тие не го кријат тоа за да им угодат на другите.

А она што придонесува за посебноста на една жена, она што ја прави единствена и оригинална, е тонот на нејзиниот глас и мирисот на нејзиниот парфем. Исто како гласот, мирисот е нешто лично, нешто интимно, нешто што остава трага. Парфемот што го слави гласот на секоја жена е VOCE VIVA – ода на култниот бренд Valentino што ја слави женственоста.

Мирисот на Valentino Voce Viva се состои од комбинација на италијански бергамот, есенција на мандарина, цвет од портокал, ноти на ванила и кристално мошусни акорди. Парфемот е спакуван во елегантно стаклено шишенце со црвени букви и рокерски нитни на капачето.

Зошто тој најдобро ќе ја истакне женственоста на автентичната жена?

„VOCE VIVA е химна. Химна на убавината, индивидуалноста, оригиналноста и добрината. Тоа е химна изведена со гласот на икона и концепт изграден врз основа на инклузивноста и емпатијата. Мирисот може да предизвика илјада емоции и се надевам дека сите ќе ги почувствуваат исто како и јас“, сликовито одговара Пјерпаоло Пичоли, креативен директор на Maison Valentino.

Бидете незаборавни и славете ја вашата женственост со нашата и ваша бјути-ѕвезда Voce Viva!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.