Теодора Џехверовиќ проговори за борбата со анксиозноста: „Се ослободив од токсичните луѓе“ (ФОТО)

Џехви искрена и отворена...

Сè поголем број млади луѓе потврдуваат дека барем еднаш се чувствувале вознемирени и стануваат анксиозни, а за тоа често зборуваат и јавните личности.

Една која призна дека го има ова чувство е пејачката Теодора Џехверовиќ, а сега на своите следбеници им даде совети и им бојасни како се снашла во таа ситуација.

Имено, Џехви одговараше на прашањата на нејзините фанови на Инстаграм, а еден од нив ја праша „Дали некогаш си поминала низ фази на анксиозност и некој внатрешен страв“.

Пејачката имаше потврден одговор.

„Да. Работи кои ми помогнаа: Се ослободив од токсичните луѓе. За жал, ми требаше малку повеќе време за да го сфатам тоа, но фала му на Бога што ми помогна со некои „знаци на патот“. Физичка активност. Пост и разговор со Бога. Научив да кажам „не“ во животот. Тоа не значи дека сум кажала „не“ на грд и отсечен начин, туку само со убав тон објаснив зошто не уживам во одредени работи и дека би сакала таа личност да го разбере тоа на вистински начин. Сонцето е она што ми ја лекува душата“ – напиша пејачката.

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.