Погледнете снимка со Дино Мерлин од 1992 година: Ретко дека би го препознале! (ВИДЕО)

Пред повеќе од 30 години...

Дино Мерлин на 4 јули 1992 година гостувал во радио-телевизија Босна и Херцеговина, каде зборувал за песна за која тогаш немал официјално име.

Се работи за нумерата „Мостарска“, која ја извел со Мира Асотиќ во дневникот на Ивица Пуљиќ. Со оглед на тоа дека оваа песна немала име, Дино ја претставил со насловот „Bice vjecno mlad Mostar“.

„Овој град од секогаш ги имал најдобрите, барем во нашата фела. Со оглед на тоа дека јас сум човек кој за се што направил во животот е благодарен на овој град, пишував некои песни и за Босна и за Сараево… Првпат ми се причини дека нашата сестра Херцеговина остана во втор план и дека нашиот Мостар, кој премногу страдаше во војната, како да е малку подзаборавен, како да остана сираче. Поради тоа ја направивме песната за Мостар“ – рекол Дино во интервјуто.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.