Парис Хилтон го обвини Харви Вајнштајн: Ми влезе во тоалетот и се обиде да ја отвори вратата! (ФОТО)

Уште една жртва...

Светски познатата старлета Парис Хилтон го раскажа искуството што го имала со поранешниот холивудски продуцент, сега осуден силувач Харви Вајнштајн.

Во разговор за американскито магазин „Гламур“, се присетила на инцидент од филмскиот фестивал во Кан, во 2000-та година, кога имала 19 години.

„Бев на ручек со другарка ми, тој дојде до масата и ме праша дали сакам да бидам актерка, на што јас му одговорив дека навистина сакам. Тогаш уште бев тинејџерка, па бев импресионирана со тоа. Потоа ми објасни дека би требало да имаме состанок и дека можам да појдам во неговата соба и да го прочитам сценариото. Јас едноставно не сакав, не отидов“, се сеќава 42-годишната наследничка на хотел.

Следната вечер наводно ситуацијата ескалирала.

„Отидов до тоалет, а тој тргна по мене, велејќи: ‘Сакаш да бидеш ѕвезда?!’. Се обиде да ја отвори вратата, удираше по неа, не сакав да отворам. Дојде обезбедување и буквално го изнесе, а тој се бунеше, велејќи: ‘Ова е моја забава!’. Полуде. Тоа многу ме исплаши“, додала Хилтон.

Од друга страна, менаџерот на Вајнштајн за британскиот магазин „The Independent“ ја демантирал нејзината верзија на приказната.

„Харви ми рече дека ова никогаш не се случило. Никогаш не ѝ викал и никогаш не ја следел. Отсекогаш се однесувал кон Парис Хилтон со најголема почит и љубезност и секогаш верувал дека имале одличен однос. Рече дека, за жал, се обидува да влезе во актуелен нов циклус, користејќи го неговото име со уште една ‘креативна приказна’. Харви планира да поднесе тужба за клевета“, изјавил тој.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.