Еве како да добиете природно црвена боја на јајца без хемија: Техника стара 50 години!

Потребни се само 3 состојки

Со само 3 состојки можете да ги бојосате велигденските јајца во интензивна црвена боја

Црвената боја на јајца го симболизира Исусовото страдање, па затоа секоја домаќинка мора да бојоса јајца во црвено за Велигден, а потоа во бои по желба.

Јајцето чувар-куќа секогаш е во црвена боја, но не треба да купувате прашок или некаква хемија за да добиете црвена боја.

Домаќинките пред повеќе од 50 години, ги бојосувале јајцата со овие техники:

1. Луковина

Пред Велигден, соберете што повеќе луковина. Користете и луковина од виолетов кромид. Ставете јајца во тенџере, обложете ги со лушпите од кромидот, додајте вода, 2 лажици сол и малку оцет. Во водата можете да исечете и неколку свежи цвекла. Загревајте и кога водата ќе зоврие, извадете ги јајцата, а потоа премачкајте ги со масло.

2. Сок од вишни

Ставете јајца во тенџере. Сипете сок од вишни, додајте малку сол и малку оцет. Сварете ги јајцата, а кога ќе се оладат, извадете ги од водата и премачкајте ги со масло.

3. Мелена пиперка

Четири лажици мелена пиперка сипете во литар вода, со додаток малку сол и оцет и сварете ги јајцата. Внимавајте да не користите лута пиперка, бидејќи лутината може да продре низ лушпата во самите јајца.

Оваа техника на бојосување велигденски јајца го освои светот: Јајцата на пареа се величествено убави!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More