На Весна Змијанац и се влошила здраствената состојба, ги откажала сите настапи: Најблиските се со неа! (ФОТО)

Ситуацијата е повеќе од сериозна...

На пејачката Весна Змијанац (66) и се влошила здраствената состојба, пишуваат српските медиуми.

Извор, близок на пејачката открил дека таа е лошо и дека утре ќе дознае кога ќе отиде на лице место.

„Весна не е добро, не може да си дојде при себе. Има висок притисок, горниот оди дури до 250. Ги откажа сите настапи во наредниот период, беше принудена да го направи тоа. Најблиските се со неа, се трудат максимално да и олеснат, колку можат“ – рекол соговорникот за пејачакта и додал:

„Уште е дома, а утре ќе оди на преглед. Тогаш ќе знае дали ќе треба операција, и доколку треба, кога ќе и биде закажана“ – пренесува „Блиц“.

Весна во една прилика отворено зборувала дека води борба со штитната жлезда.

„Јас 15 години се борам со штитната жлезда, но живеам со тоа. Многу жени ја отстрануваат, но јас се плашам од операција. Немам причина да одам под нож, бидејќи не е нешто страшно. Кога би се одлучила на тој чекор, тоа би го направила тука во Србија, наместо во странство. На нашите доктори верувам повеќе, некако се другарски настроени кон пациентите“ – рекла во една прилика.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.