Млада девојка почина на концертот на Тејлор Свифт, а гестот на нејзиното семејство ја остави јавноста без зборови (ФОТО)

Трагично...

Teјлор Свифт ја продолжи својата турнеја во Бразил откако зеде слободен ден од настапите поради трагедијата што се случи пред нејзиното шоу на 17-ти ноември, кога 23-годишната Ана Клер Беневидес почина од срцев удар поради високите температури.

Вчера на 26-ти ноември на концертот се појави семејството на Ана, а она што ги воодушеви сите е семејниот гест.

Таткото на Ана и другите членови на семејството се фотографираа со Тејлор, облечени во маица со ликот на нивната ќерка и сестра, што ја воодушеви јавноста и јасно стави до знаење дека немаат ништо против пејачката и свесни се дека тоа е не е нејзина вина.

Иако Тејлор Свифт директно не ја спомна Ана Беневидес за време на настапот, фановите се убедени дека со вклучувањето на песната „Bigger Than the Whole Sky“ на концертниот репертоар таа и оддаде почит на починатата студентка.

„Ја изгубив единствената ќерка, среќна и интелигентна девојка. Следниот април требаше да дипломира психологија, штедеше пари за тоа. Немам зборови да ја изразам мојата болка. Замина од дома за да си го оствари сонот и почина” – изјави неодамна за еден бразилски весник таткото на девојчето кое почина пред настапот на Тејлор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Folha de S.Paulo (@folhadespaulo)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.