(ВИДЕО) Урнебесниот белграѓанец повторно се најде во центарот на вниманието!

Се сеќавате ли на белграѓанецот и неговите коментари за метежот на автопатите во Хрватска? Овојпат негова цел бил „мурал“ во Загреб, и повторно е хит на социјалните мрежи!

Лео Мујиќ од Белград станал хит откако во прилогот на ХРТ го коментирал метежот додека бил во редот на патарините во Лучки. Овојпат во Загреб, Лео ги коментирал пешачката зона и муралот што го насликал стрит арт-уметникот Лунар, на раскрсницата на Прерадовиќева и Масарјукова.

Муралот, инаку не е на пат, мурал во превод е ѕид. Значи, ова не е ѕид, ова е тротоар или „вонаби“ поранешна улица. Па, симпатичен е, веќе малку извалкан, веројатно тоа е неговата работа со оглед дека не е мурал, изјавил Лео за „Индекс“.

Се сеќавате на тоа? Ќе морам пак да ве поправам, не е графит. Има посебна текстура која се прави, на која децата можат и да танцуваат“, изјавил тој.

Новинарот го прашал дали има доволно уметност во Загреб.

Знаеш ли кој сум јас?, одговорил Лео, кој е танчар и кореограф, кој се прослави со својата кореографија за балетот „Ана Каренина“ во Хрватскиот народен театар во Загреб и со неговата кореографија и режија на Балетот „Опасни врски“ на Дубровачките летни игри во 2014 година.

Дипломирал на швајцарската балетна школа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Index.hr (@index.hr)

Има доволно уметност, но сега ми докажавте дека очигледно нема доволно купувачи за истата, додал Лео.

Да се потсетиме, овој Србин во сообраќаен метеж на автопат стана хит летото во 2015 година, а неговата популарност не е згасната ниту 8 години подоцна.

Освен што приговарал за вињетките и метежот, Лео бил „загрижен“ и за новинарката на „ХРТ“.

Какво е ова малтретирање, туристите двапати да размислат дали да дојдат или не? Што се „варите“ каде ви е заштитата од сонце, каде ви се капите?, ја прашал тој.

Видеото набргу станало голем хит на интернет.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.