(ВИДЕО) Прва снимка на Брус Вилис по дијагностицираната деменција: Болеста му се одразила и на физичкиот изглед

Тажна глетка

Актерот Брус Вилис првпат е виден во јавноста откако неговото семејство минатиот месец откри дека му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД).

На фотографиите објавени од Дејли мејл се гледа како славниот актер во четвртокот го поминува денот со двајца пријатели во Санта Моника, Калифорнија. За време на излегувањето, Вилис носел сива капа, сина маица и црни панталони, кои ги усогласил со црн часовник.

И покрај неговата болест, извор тврди дека Вилис сè уште го препознава гласот на поранешната сопруга Деми Мур.

Деми е во постојан контакт со Брус. Таа ја користи секоја слободна можност да помине време со него. Ако не е со него, му се јавува за Брус да ѝ го слушне гласот.

Брус не може многу да зборува и се чини дека малку разбира од тоа што му се зборува, рекол изворот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.