Се обложи на Аргентина, но изгуби милион долари: Дрејк е најголемиот баксуз на светот!

Шоубизнис

Раперот Дрејк се обложи на финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал. Иако погоди кој ќе го освои првенството, сепак поради една нешто го загуби облогот.

Имено, раперот за милион долари се обложи на Аргентина, но дека ќе победи во регуларните 90 минути. Тоа сепак, не се случи. Аргентина имаше два гола во предност во регуларното време на натпреварот, но Французите израмнија. Со резултат 3:3, крајниот натпревар отиде со продолжение.

По продолжението и пеналот, Аргентина сепак ја освои титулата првак во светот, но тоа не беше она што Дрејк го прогнозира во своето обложување. Така остана без милион долари, а да погодеше, ќе добиеше 2,7 милиони долари.

Инаку, многу негови фанови беа загрижени после ова обложување бидејќи Дрејк нема среќа со обложувањето. Порано се појави и терминот „Проклетството на Дрејк“, откако фановите сфатија дека кога раперот носи дрес на некоја репрезентација, има теденција да изгуби натпревар.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.