Саша Поповиќ направи музички кариери за многу пејачи, но има и такви на кои оваа продукциска куќа им ја затвори вратата (ВИДЕО/ФОТО)

Си го барал и си го добил...

Кој како ќе си ја нареди…

Саша Поповиќ е заслужен за многу успешни кариери на бројни пејачи и пејачки, но има и такви на кои оваа продукциска куќа им ја затвори вратата.

Имено, во првите сезони на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранда учествуваа многу денешни успешни пејачи, но има и такви на кои им се предвидуваше одлична кариера, која подоцна не успеаја да ја изградат.

Еден од нив е пејачот Ренато Хенц, кого Поповиќ го исфрли од „Гранд“ затоа што прекршил една од основните клаузули во договорот.

„Имав настап кој не им го пријавив на Саша и Жика Јакшиќ, а тие дознаа. Договорот што се потпишува со Ѕвездите на Гранд е навистина строг, а јас во тој случај не ги почитував тие одредби“, призна Ренато пред повеќе од една деценија.

Меѓу другото објасни и зошто се одлучил на таков чекор.

„Му кажав дека морам да работам за да го прехранам моето четиричлено семејство и дека договорот што го имам со „Гранд“ само ми ја отежнува работата. Знам што е шоу-бизнис и на што инсистираат тој и Жика, но јас сум фолк пејач и единствено што знам да правам во животот е да пеам. „Снаодлив си, не се плашам од тебе“, ми рече Саша. Но, кој знае, можеби некогаш во иднина повторно ќе ме видите во „Гранд“. Дотогаш ќе му пеам на секој што ќе ме покани“, изјави Хенц за еден дневен весник.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.