„Сака да го повреди“: Бред Пит ги открил отровните намери на Анџелина Џоли со рускиот олигарх

Штом дознал што прави неговата бивша сопруга во тајност, веднаш му се јавил на адвокатот.

Бред Пит откри што тајно правела неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, па така конфликтот меѓу поранешните сопружници продолжи и се продлабочи.

Несогласувањата меѓу славните актери траат од 2016 година, кога таа ги поднесе документите за развод, две години по венчавката и дури 11 години од почетокот на нивната врска.

Што се случило сега? Бред Пит дознал дека неговата бивша го продала својот дел од нивната заедничка винарија на руски олигарх, со отровни намери, само за да го повреди и да му наштети, пренесува „Сан“.

Планот наводно бил да се преземе целосна контрола врз мултимилионскиот бизнис на Бред. Анџелина му го продала дел од винаријата „Шато Миравал“ на Русинот Јуриј Шефлер, сопственикот на компанијата што го произведува познатиот пијалак.

Соработката со оваа компанија, имајќи ја предвид руско-украинската војна, има и меѓународна одговорност, пишува британскиот весник. Во документите кои ги објави „Дејли мејл“ се посочува дека производите на оваа руска компанија се бојкотираат низ целиот свет.

Адвокатот на Бред Пит нагласи дека Анџелина намерно го спроведувала планот во тајност, со што ги прекршила договорните права на неговиот клиент, со што генерирала приход од бизнис што таа не го ни работела.

Џоли знаеше дека Шефлер и неговите ограноци ќе се обидат да ја контролираат работата што ја вршеше Пит и да ги поткопаат неговите инвестиции во винаријата, а тоа беше нејзината намера“, рече адвокатот.

Бившите сопружници во септември минатата година се договорија да го продадат имотот во Франција вреден 164 милиони долари, што ѝ го отвори патот на Анџелина да го продаде својот дел од винаријата.

И покрај тој договор, Бред поднел тужба против неговата поранешна сопруга која се обидела да го продаде својот дел од винаријата затоа што го прекршила неговото „право прв да го купи нејзиниот дел и да оствари профит“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.