Познатиот пејач конечно проговори за обвинувањата дека физички ја нападнал тештата: Првото интервју по 6 години откри сѐ

„Имаше многу негативност“

Познатиот пејач Зејн Малик го прекрши молкот по повод судирот со Јоланда Хадид, заради која беше обвинет по четири обвиненија за физичко малтретирање.

Поранешната ѕвезда на One Direction (30) не им се спротивстави на обвиненијата дека во септември 2021 година, наводно, ја турнал мајката на неговата поранешна партнерка Џиџи Хадид во комода и ја навредувал. По шест години ја дознаваме неговата страна на приказната.

Судските документи открија дека од него се барало да одлежи 360 дневна условна казна покрај завршувањето на курсот за управување со гневот.

За време на појавувањето во подкастот Call Her Daddy, Зејн Малик рече дека верува дека излегол на крај со ситуацијата „на најдобар начин“ и го опиша инцидентот како „семејна работа“.

Не одговарам кога луѓето коментираат на Интернет. Времето ми е највредно и не сакам да барам изговори. Ја знаев ситуацијата и знаев што се случи и инволвираните страни знаат што се случи и тоа е сè што е важно. Не сакав да го одвлекувам вниманието и не сакав да се расправам со неа или да создадам некаков вид наратив што ќерка ми ќе може да го прочита еден ден.

 

Верувам дека тоа го решив на најдобар начин и тоа е сѐ што треба да се каже. Имаше многу негативност. Тоа се семејни работи што би сакал да ги задржам во семејството. Јас сум многу приврзан за моето дете, да имам 60 проценти би го зел.

На 29 септември 2021 година, Јоланда отишла на имотот што Зејн тогаш го делеше со својата поранешна партнерка Џиџи Хадид додека таа била во Париз.

Зејн бил таму, иако не е јасно дали била нивната сега двегодишна ќерка Каи. Не е јасно што се случило таму, но почнале да се расправаат и Зејн ја „зграпчил“ Јоланда и ја „бутнал“ во комода.

Тој, исто така, вербално ја навредувал, викајќи:

Стој подалеку од мојата е*ана ќерка, нарекувајќи ја Јоланда „е*ена холандска кучка“.

За време на расправијата, според судските документи, бил присутен и чуварот, на кој Зејн му вреснал:

Излези од мојата е*ана куќа, е*ан џандару.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.