„ПОКОЈНИОТ ЛАЌА МИ СЕ ЗАКАНУВАШЕ И МЕ УЦЕНУВАШЕ“ Два месеци по неговата смрт, Карлеуша изнесе докази (ФОТО)

Морничаво

И овој пат популарната пејачка не остана нема.

Ненадејната смрт на текстописецот и син на покојната Марина Туцаковиќ, Милан Лаќа Радуловиќ, ја шокира тамошната јавност, а кога беше објавена веста за трагедијата, од Лаќа се прости и Јелена Карлеуша.

Таа потоа ја објави последната порака што ѝ ја испратил Радуловиќ од Израел, на чии улици неколку дена подоцна беше пронајден мртов.

Предлагам средба кога ќе се вратам од Израел, јас и ти, без околните елементи. Исто така, се извинувам за секој збор што те навредив, како сопруга и мајка – пишува во пораката што синот на покојната Марина Туцаковиќ ѝ ја испратил на Карлеуша.

Карлеуша доби извинување, бидејќи неколку дена пред тоа дошло до расправија меѓу нив, кога Лаќа ненадејно го објавил текстот на песната што ја напишал, а која требало да се најде на новиот албум на Јелена Карлеуша, и веднаш започнала војна меѓу двајцата. Карлеуша сега повторно се огласи по овој повод и на својот Инстаграм откри повеќе детали од оваа соработка:

Сакам да споделам со моите фанови, но и со медиумите, некои информации поврзани со новиот албум, како и за соработниците. Како што знаете, неколку текстови на мојот албум напиша и покојниот Милан Радуловиќ Лаќа. Тие текстови што ги правеше за моите композиции, уредно му ги платив однапред. За жал, Лаќа во последната фаза од животот имаше голем проблем во животот поради злоупотребата на опијати. Во таква состојба, многупати ме молеше да му дадам пари однапред, а тој подоцна ќе сработи, што, за жал, не се случи. Несебично му давав пари, што можат да го потврдат и моите колеги. Кога притисокот стана преголем, кога одлучив дека заради него не сакам да му давам пари кои ќе ги потроши на опијати, Лаќа почна да ми се заканува дека ќе ги објави тие текстови, што на крајот почна и да прави во услови на растројство, а подоцна ми се извини. Зошто го пишувам ова?

Лаќа не го направи само тоа, во исто време одлучи да ги продаде истите стихови што ги напиша за мене и кои повторувам ОДНАПРЕД ги платив на други пејачи. Така, тој им ги продаде моите платени стихови на други пејачи и им зеде парите, ИАКО ЗНАЕШЕ ДЕКА ГИ НАПИШАЛ ЗА МЕНЕ И ДЕКА ЦЕЛОСНО Е ИСПЛАТЕН. Парите очајно му требаа бидејќи наркоманијата е најголемото зло, поголемо од секоја болест и болка. Така, не само што ме уценуваше, ми се закануваше, ми објавуваше платени текстови, туку и ги препродаваше и на тој начин ги измами сите. Еден од текстовите напишани за мојот албум, кој го платив и кој ми припаѓа мене, е текстот што е завршен на 15 декември 2021 година. Песната се вика „Кока кола“. Поради информацијата дека Лаќа го направил тоа што го направил, таа песна беше отстранета од албумот и заменета со друга. За моја среќа, на албумот останаа само две песни и рефренот на третата што ја напиша Лаќа. Дел од едната ја објави на Твитер, останатото е „зачувано“ и ќе биде вклучено на албумот. Како сопственичка на текстот „Кока кола“, го објавувам во следната приказна со сите датуми и го подарувам бидејќи јас сум сопственик... – напишала Карлеуша во својата објава.

Jelena KarleušaПокрај тоа, таа истакна дека од сожалување го купила текстот за конкретната песна, и дека нема да се најде на нејзиниот албум, бидејќи „не може да им парира на другите песни“. Од друга страна, Дара Бубамара пред неколку дена во јавноста објави дека има нов мега хит наречен „Кока Рока“, а како што самата истакна, текстот на песната го напишал покојниот Лаќа во соработка со Љиљана Јорговановиќ.

Jelena Karleuša

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.