„Имав 19 години кога ми кажаа да спијам со Ди Каприо ако сакам добра кариера“: Шокантно интервју со славната актерка

Неверојатно

Исплива видео со Миша Бартон (37) од 2005 година во кое таа тврди дека публицистот ја терал да спие со Леонардо Ди Каприо, кој тогаш имал 30 години

Актерката Миша Бартон периодов е во центарот на вниманието, поради тоа што со години се бори со депресија, а како последица на тоа качила вишок килограми и развила проблеми со дрогата и алкохолот.

Меѓутоа, едно нејзино интервју од 2005 година покрена вистинска лавина од коментари, бидејќи станува збор токму за Леонардо Ди Каприо. Во него актерката зборува дека публицистот ја терал да спие со Леонардо Ди Каприо, кој тогаш штотуку раскинал со Жизел.

Крег Шнајдер ја убедувал:

„Оди и спиј со тој човек, заради својата кариера.“

Миша тогаш рекла:

„Зар Лео нема 30 години или така нешто?“

Целото интервју повторно е главна тема откако Ди Каприо бил виден како се дружи со девојка која има само 19 години.

Луѓе блиски на Леонардо Ди Каприо навеле дека актерот не е во врска со младата манекенка.

„Седеа еден покрај друг на забава, но не се во врска.“

Сепак, доволна беше една фотографија од нив двајца на Интернет за да прочитаме коментари, како што се:

„Срам да ти е, може ќерка да ти биде.“

(ФОТО) Која е Еден Полани, новата девојка на Леонардо ди Каприо: „Брат, премлада е за тебе!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.