На ред дојдоа стручњаците за невербална комуникација: Еве што открива говорот на телото на Меган Маркл и Хари

Гест кој подразбира желба за контрола или управување

Популарните сопружници Хари и Меган Маркл во своите јавни појавувања изгледаат како да изведуваат перформанс, со низа добро извежбани допири, со кои како да си сигнализираат еден на друг како да се однесуваат, пишува „Дејли мејл“.

На доделувањето на наградите на фондот Ендевор, Меган прво ја ставила раката на рамото на Хари, а потоа го повлекла назад за да може да оди пред него. Потоа Хари ја ставил раката на грбот на својата жена за да ѝ даде поддршка.

Ова е родителски гест, кој исто така подразбира желба за контрола или управување“, вели Џуди Џејмс, стручњак за говор на телото.

Раката на Меган беше цврсто на грбот на нејзиниот сопруг додека присуствуваше на приемот во Јужна Африка, при посетата на Биренхед, па дури и кога првпат се појавија како брачен пар во градината на Бакингемската палата. Ја стави раката на грбот на Хари и додека го носеше Арчи при првото појавување пред камерите – гест на мајчинско одобрување“, вели експертката за говор на телото.

Меган и Хари никогаш не се плашат да не го почитуваат непишаното кралско правило за јавно искажување наклоност. Но позицијата рака под рака, според експертите за говор на телото има поинакво значење.

 

Тоа значи близина и навестување дека сè уште се во романтичната фаза на љубовта“, вели Џули Џејмс.

Меган со своите гестови сугерира дека таа е најважна во умот на Хари“, додава Џејмс.

Фото: Getty Images, Profimedia

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.