Луѓе починале без да покажат симптоми на вирусната инфекција, а биле заразени со Ковид-19

Во Вашингтон нови случаи

Во Вашингтон се регистрирани досега невидени случаи на коронавирус – луѓе починале без да покажат симптоми на вирусната инфекција, а биле заразени со Ковид-19.

Како што пренесуваат американските медиуми, во болницата Center Life Care во Киркланд дури 15 пациенти починале од Ковид-19 за само неколку часа и без видливи симптоми на болеста.

Болницата е позната како епицентар на епидемијата во Вашингтон. Десетици вработени се заразени, додека 55 пациенти чекаат тестирање. Болницата нема доволно тестови, а бројот на заразени лица е во постојан пораст.

Во установата има главно постари пациенти, кои се со поголем ризик од компликации, кои можат да бидат последица од инфицирањето со вирусот.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе