Наташа Беквалац: Бајковита прослава на вториот роденден на малата Катја (ФОТО)

На тема: животинско царство

По успешниот белградски концерт, Наташа Беквалац ѝ се посвети на организацијата на роденденската забава за помладата ќерка Катја, додека на постарата Хана ќе ѝ организира прослава на некоја егзотична дестинација на плажа

Минатата недела, Наташа Беквалац (39) организира роденденска прослава на вториот роденден на својата ќерка Катја во позната игротека. Гордата мајка се погрижи сè да изгледа бајковито ангажирајќи професионални декоратори, кои го украсија просторот на тема: животинско царство.

Секој детаљ изгледаше беспрекорно, а за забавната програма беа задолжени аниматори.

Славеничката беше одлично расположена во текот на целиот ден, а не се срамеше ни кога мама, дада Хана и другите гости ѝ ја пееја роденденската песна.

 

Роденденската прослава ќе ја паметам по љубовта, прекрасната енергија и убавите желби што ги добивме од гостите. Исто така, длабоко во сеќавање ќе ми остане и еуфоријата на Катја. Со голема радост ги прославувам родендените на моите ќерки, а земајќи предвид дека Хана е тинејџерка и сè помалку можам да се мешам во нејзините избори, одлучив на Катја да ѝ направам бајковита прослава. Имаше многу деца, мои пријатели и блиски луѓе и можам да кажам дека и ние големите еднакво уживавме“, раскажа поп-пејачката во разговорот за магазинот „Стори“.

Фото: Милош Надаждин за „Стори.рс“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.