ЛОЗНИЦА: Уживајте во 3 уникатни амбиенти, вкусна храна и одличната винска карта

Не пропуштајте да ја посетите

Дознајте зошто „Лозница“ е едно од најпопуларните места во нашата престолнина!

Националната кафана и винарија Лозница е урбано свратилиште за гурмани, боеми и хедонисти.

Сместена во населбата Капиштец, моментално е едно од најпопуларните места за уживање во вкусна храна и одличната винска карта.

Ви нуди 3 уникатни амбиенти, во кои ќе можете да уживате во богато мени создадено со многу искуство, квалитетни состојки и префинет вкус.

Менито на Лозница има широк избор на домашни специјалитети, но и на интернационална кујна, и може да ги задоволи и оние со нај истенчен вкус. Од одлични даски-стартери до свежа морска храна, приготвени од врвни професионалци и послужени од гостопримлив персонал, овој амбиент со сигурност ќе ве освои.

Без разлика дали се работи за појадок, ручек или вечера, секогаш кога сум во Лозница, уживам во секој момент. Убавиот амбиент, гостопримството и секогаш одлично приготвената храна е она што ме прави чест гостин.

Со оглед дека има широк избор на понуда од домашни специјалитети до интернационална кујна, многу често ја избирам Лозница како место за семејни ручеци но и за деловни средби. Лозница е секогаш моја препорака, изјави Елена НајдовскиЖивот со стил.

Лозница ви нуди одлична понуда на појадок, а од среда до сабота во вечерните часови можете да уживате во топлиот амбиент со староградска музика.

Адреса: Митрополит Теодосиј Гoлоганов 42, Скопје

Телефон: +389 70 617 749

Мејл: kafanaloznica@gmail.coм

Текст и фото: ПР
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.