Помладиот брат на Ацо Пејовиќ почина по грешка на лекар: „Се задуши, смртта ја прифатив како Божја волја“ (ВИДЕО/ФОТО)

Ретко зборува за својот приватен живот

Пејачот Ацо Пејовиќ во една прилика проговори за тоа како го загубил помалиот брат поради лекарска грешка.

Ацо Пејовиќ ретко зборува за својот приватен живот, а во една прилика пејачот проговори за големата семејна трагедија која ги снашла.

Имено, во 1976 година, по грешка на лекар, тој изгубил еден од своите браќа при раѓањето. Мајката на Пејовиќ носела близнаци, а по фатална лекарска грешка родила само едно дете.

„Иако тогаш имаше ултразвук, познат лекар од Белград не виде дека има две бебиња и таа катастрофална грешка доведе до трагичен исход, бидејќи едното бебе буквално се задушило. Братот кој успеа да преживее при раѓањето тежел само еден килограм и четиристотини грама. Името го добил по по познатата народна епска песна „Мали Радојица“, чија храброст и издржливост се легендарни. Со текот на времето, загубата ја прифатив како Божја волја. Затоа сите многу се грижевме за помалиот брат“, изјавил Пејовиќ во една прилика.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.